Денес со вас ќе споделам еден трик како да му овозможите на вашето цвеќе убаво да буи и цвета во текот на целата година со помош на само две состојки кои сите ги имате в кујна. Најпрво ќе ви биде потребна вода која доколку ја полните ја чешма најдобро е да ја оставите еден ден да отстои на собна температура.
Секако, најдобро би било да користите филтрирана или изворска вода, но секојпат не е лесно да се набави таква. Наполнете шест литри вода во шише или соодветен сад и подгответе една коцка свеж квасец од која треба да поткриште само 10 грама.
Квасецот го стимулира растот на билките, доведува до бујно цветање и овозможува коренскиот систем убаво да зајакне. Исто така, на билките им овозможуваат полесно да ја апсорбираат водата и минералите од почвата.
Во квасецот се содржат огромен број хранлици материјали како и корисниот витамин Б, фитохормони и ауксин. Оваа уникатна комбинација доведува до забрзан раст на билките. Изронете 10 г свеж квасец во шест литри вода.
За да се засили ова природно ѓубриво и убаво да се нахранат билките додајте уште една состојка која можете да ја направите многу лесно во домашни услови, а во последно време може да се најде и во аптеките.
Станува збор за прав од лушпа од јајца, а кој е одличен и за прихрана на доматите, пиперките и краставиците. За да го направите овој „волшебен“ прав, секако, ќе ви бидат потребни лушпи од јајца. Едноставно, секојпат кога ќе користите јајца за јадење, лушпите не ги фрлајте и совувајте ги.
Исперете ги со ладна вода од внатрешната страна и оставете ги да се исушат на воздух или во рерна на многу ниска температура, а потоа сомелете ги во прав. За да добиете убав прав, најдобро е после секое мелење да се просејува низ ситно сито.
Лушпите од јајца обезбедуваат важни минерали кои многу му се потребни на растението за да има цврст имунитет и непречено да расте и да се развива. Меѓу другото, лушпите од јајца содржат лесно апсорблив калциум карбонат, калиум и фосфор.
Корењата лесно ги впиваат овие минерали штом еднаш тие се растворат во почвата. Добиениот прав од лушпи од јајца можете да го чувате затворен во стаклена тегла и да го користите по потреба. Во шишето со 6 литри вода и 10 г свеж квасец додајте 1 супена лажица прав од лушпи од јајца.
Шишето затворете го и добро протресете го за да се растворат состојките, па оставете го да отстои малку со отворено капаче, и кога ќе бидете сигурни дека квасецот целосно се растворил, уште еднаш протресете го шишето и со течноста полевајте ги вашите цвеќиња.
Со оваа природна прихрана од квасец и лушпи од јајце полевајте ги цвеќињата еднаш месечно и уживајте во нивното раскошно цветање. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеопрезентацијата на Јелена ОВДЕ. Прочитајте повеќе за одржувањето на сарделите ОВДЕ.