Многу лесна и брза подготовка за вкусна зимница од црвени пиперки. Нема да ви одземе многу време, а вкусните киселки и крцкави пиперки можете да ги јадете после само три дена.
Потребни состојки: 1,5 кг црвени пиперки, 12-15 чешниња лук или по вкус, 3 лажички црн пипер во зрно, 3 лажички шеќер, 6 лажички сол, 12 лажици бел оцет и 1 литар врела вода
Постапка: Пиперките убаво измијте го млаз ладна вода, исцедете ги, па исчистете ги од петелките и семете. Потоа исечете ги на ленти (од една пиперка се сечат 6 или 8 ленти). Лентите од пиперки исправено се редат во стаклени тегли додека да се исполни теглата.
Во секоја тегла ставете по 4-5 исчистени чешниња лук. Наросете и по една лажичка црн пипер во зрно, по една лажичка шеќер и по 2 лажички сол во секоја тегла. Одозгора прелијте со по 4 лажици алкохолна киселина. Додека ги полните теглите со зачини, на оган ставете да врие 1 литар вода.
Со врела вода дополнувајте ги теглите до горе, да бидат прекриени пиперките и веднаш затворајте ги со метален капак. Превртете ги наопаку за да се вакумираат и оставете ги да се изладат, а после три дена може да се консумираат. Или воздржете се и оставете ги за до зима. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.