ОБЛАНДИ СО КОКОС…Вкусни и брзи посни ситни колачи – обланди со кокос…
Кокосовите обланди се брз и вкусен посен десерт, идеален за сите љубители на кокос. Овој рецепт е лесен за подготовка, а обландите се сочни и совршено се комбинираат со кокосово брашно и чоколаден слој. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување обланди
300 г кокосово брашно
600 г шеќер
250 г маргарин (посен)
200 мл вода
2 лажици какао
ПОСТАПКА:
Прво подгответе го сирупот: во тенџере ставете ги шеќерот и водата и варете додека да тој да се раствори.
Во врелиот сируп додајте маргарин исечен на парчиња и кокос. Добро измешајте додека смесата да се соедини. Оставете да се излади околу 5 минути.
Намачкајте ја топлата смеса врз првата обланда, повторувајќи ја постапката за сите обланди. На четвртиот лист додајте какао во преостанатата смеса и покријте со темен слој.
На крајот ставете нешто тешко врз обландите да се изладат и да се стегнат. Кога целосно ќе се изладат, исечете ги на саканите форми.
Оваа обланда од кокос е едноставна, вкусна и совршена за секоја пригода. Уживајте! Постапката погледнете ја ОВДЕ: