Овие обланди се совршени и понекогаш ги правам наместо палачинки зошто, затоа што брзо се приготвуваат, излегува многу и сите ги сакаат.
Потребни состојки:
околу 30 лажици млеко
380 г шеќер
250 г путер/маргарин
150 г мелени бисквити
100 г ореви мелени
100 г млечно чоколадо
Постапка:
Млекото загрејте го на рингла и додадете шеќер. Мешајте додека шеќерот да се растопи. Потоа во топлото млеко додадете го путерот и мешајте додека и тој да се растопи.
Кога сето ќе се соедини додадете ги бисквитите и оревите, а на крај и чоколадото. Мешајте убаво да се изедначи смесата.
Редете: лист обланда па фил и се’ така додека да го потрошите материјалот. Потиснете со нешто тешко и изладете во фрижидер.
Брзо и едноставно до совршени обланди.
Прочитајте уште еден рецепт за обланди кои се приготвуваат исто за 10 минути, но со поинакви состојки: ТУКА.