Најбрзиот вкусен обланди кој се приготвува за 10 минути

Овој прекрасен десерт ќе го направите за само 10 минути!

Потребни состојки:

500 мл млеко

500 г шеќер

4 лажици брашно

1 јајце

100 г чоколадо

1 маргарин/путер

Постапка:

Сите состојки ставете ги во еден сад и гответе 7 минути.

(јајцето разматете го, додадете го брашното и постепено додавајте малку млеко за да се добие компактна маса. Останатите состојки: путерот, млекото, шеќерот и чоколадото искршено на коцки, загрејте ги за да се растопат, па додадете го јајцето со брашното па мешајте додека да се згусне).

Рамномерно филувајте ги обландите, потиснете ги и оставете да се стегне.

Сечете на коцки или правоаголници и послужете!