ОБЛАНДА СО КЕКСИ…Слатка фантазија за само 10 минути…Едноставни и брзи ситни колачи за секакви пригоди, а може да бидат и посни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл млеко
250 г шеќер
200 г чоколадо за готвење
1 маргарин (250 г)
300 г мелени бисквити (плазма)
1 обланда или 2 помали
1 пакување фронди кекси или крем банани, желе бонбони…

ПОСТАПКА:

1.Во широка тава или тенџере сипете шеќер, млеко, маргарин исечкан на коцки и чоколадо. Доведете до вриење на умерена температура додека сето да се растопи (10-тина секунди), па тргнете од оган и додајте ги мелените бисквити.

2.Мешајте за сето да се соедини, па смесата оставете ја малку да се подизлади пред да се нанесе врз обландата. Оваа смеса е толку многу вкусна, што можете да ја користите и во други рецепти. Одокативно поделете ја на 2 дела.

3.Намачкајте го едниот лист обланда (со крупната страна), а потоа и другата кора. Врз едната кора наредете ги фронди кексите, па преклопете ја со другата и одозгора нежно притиснете за да се спојат.

4.Потоа отеретете одозгора со нешто соодветно и оставете најмалку 3-5 часа или најдобро преку цела ноќ за убаво да се стегне. Потоа сечете на коцки, штангли или облик по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.