Home зимница Обарени модри патлиџани: квалитетна зимница без конзерванси и хемија

Обарени модри патлиџани: квалитетна зимница без конзерванси и хемија

Фото и рецепт: Елизабета Андов

Потребни состојки:

3 кг модри патлиџани
Сол

За солило:

1 литар бел оцет 9%
2 литри вода
80 г сол
80 г шеќер
½ кесиче црн пипер во зрна

За посипување:

2 главици лук
Магдонос
Масло по потреба

Постапка:

Модрите патлиџани се сечат на кругови или во должина по желба (не се лупат). Се посолуваат и се оставаат да отстојат од 2 до 3 часа.

Се приготвува солило од еден литар бел оцет, 2 литри вода, 80 г сол и 80 г шеќер, половина пакетче бибер во зрно.

Се става на оган да зоврие, па се додаваат патлиџаните кратко колку да омекнат (околу 5 до 10 минути), па се вадат во тава и се редат во тегли.

Се посипуваат со сечкано лукче и магдоност и малку масленце. Ова е квалитетна зимница без конзерванси и без хемија.