Овој секојдневен појадок ќе ви овозможи елиминација на заостанатите талози од екскрементот и ќе ви ги исчисти цревата.

-ги решава проблемите со мрзливи црева и опстипација

-ги согорува масните наслаги и

-ја нормализира тежината.

После еден месец консумирање на овој коктел лесно ќе изгубите 3-5 вишок килограми, а најмногу од стомакот!

Тенот на кожата, косата и ноктите ќе станат здрави и убави, а стомакот полека ќе се „истопи“.

Потребни состојки:

300 мл кефир (или немасен јогурт)

2 супени лажици овесни снегулки

1 кафена лажичка сомелено ленено семе

1кафена лажичка какао во прав

5-7 меснати суви сливи без семка

ПОСТАПКА:

Појадокот се приготвува навечер за следниот ден. Прелијте ги сувите сливи со малку врела вода (100 мл). Поклопете и оставете 5-10 минути.

За тоа време во чинијата ставете овесни снегулки, солемеленото ленено семе и какото. Прелијте со кефир и сето добро промешајте го.

Набубрените сливи ситно исечкајте ги (а можете и во блендер да направите пире) и додадете ги во претходната смеса. Добро промешајте и оставете во фрижидер.

Наутро извадете од фриидер и уживајте во својот здрав и вкусен појадок. Резултатите набрзо ќе бидат видливи.

Првите денови може да имате „интересни“ чувства во стомакот, но набрзо ќе поминат. Вашиот дигестивен тракт ќе започне да работи како часовник!