Некој ги бика Нутма, некој Пандишпан, некој Бучма… во суштина тоа е едно те исто, само друг назив од место до место. Ова е босански колач. Постои една приказна за нутма: имено, старите луѓе велат „Ако некој ти дојде додека го приготвуваш овој колач, не смее да си оди додека не го проба, во спротивно, колачот нема да излезе како што треба, ќе пропадне“.

Потребни состојки:

10 јајца (по можност домашни поради убавата жолта боја)

10 лажици шеќер

10 лажици брашно

Шербет:

1300 мл вода

800 г шеќер

1 ванилин шеќер

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќерот. Матете се додека да почнат да остануваат траги од миксерот. Лесно, со лажица а не со миксер, промешајте го брашното, лажица по лажица. Излејте во калап 22х32 малку подлабок.

Добро загрејте ја рерната и печете на 250 степени додека да зарумени, а кога ќе се стави во рерна намалете на 200 степени само некоја минута колку убаво да порумени и да фати коричка одозгора, па потоа намалете на 150 степени и така печете околу 1 час.

Проверувајте повремено да не загори, ако е прејако намалете уште малку. Проверка дали е печено: благо притиснете со раката, ако се враќа – добро е.

Ставете вода, шеќер и ванилин шеќер да зовријат, па тргнете од оган.
Добро изладете и пандишпанот и шербетот, па дури тогаш полејте ЛАДНО – ЛАДНО. Оставете да впие, изладете во фриедер, па сечете и послужете.