Новата година е пред самиот агол, сите се подготвуваат за најлудата ноќ, но во овој период не може да се изостави и примената на разни обичаи.
Дали е поради традиција, од страв или чисто суеверие, не се знае, но луѓето масовно веруваат дека одредено однесување на 31 декември ќе им донесе среќа или несреќа следната година, а еве кои се најраспространетите новогодишни обичаи:
Покрај огнометот, танцот и забавата кои се дел од новогодишната прослава, задолжителна е и долната облека во одредена боја, дури и ако сте се одлучиле за домашна верзија на прославата во удобна и не така гламурозна облека.
Традицијата на носење црвена долна облека датира од далечниот среден век, кога не било дозволено носење црвена облека. Тогаш, црвената боја се поврзувала со крвта, ѓаволот и вештерството.
Но, без разлика на суеверија, луѓето копнееле да носат црвена облека во темната зима, бидејќи црвената облека била и симбол на животот и сончевата енергија. Така населението, сакајќи да избегне казна, нашло совршена алтернатива: криеле црвени ткаенини под слоевите облека.
Денешниот обичај за носење црвена долна облека на преминот од Стара во Нова година, кој своите симболични корени од Шпанија ги раширил низ целиот свет, за сите оние кои сакаат да најдат љубов во Новата година.
Од друга страна, жолта облека носат ловците на кариера, односно оние кои сакаат повеќе пари од претходната година.
Друга традиција која доаѓа од латинските земји е вадењето на патните торби од плакарот како симбол за среќни патувања во иднина.
Еве повеќе народни верувања поврзани со новогодишната ноќ:
Во новата година не треба да влегувате со долгови, бидејќи тие ќе ве следат во текот на целата година.
Не смеете ништо да извадите од дома, па дури ни да ги истресете трошките од чаршавот. Во спротивно, ќе има година без пари.
Новата година треба да се дочека со многу врева, бидејќи така се истеруваат злите духови.
Новата година прво треба да ви ја честита личност од спротивниот пол, поради среќа во љубовта.
Кога ќе се отвори шампањот, поставете се да ве удри чепот! Имено, се верува дека во тој случај ви претстои одлична година. Ако плутениот чеп не ве удрил, тогаш погрижете се да ја испиете последната голтка од шишето, бидејќи и тогаш, ќе биде одлична годината.
Ако сакате среќа во наредната година, првиот гостин во куќата нека биде темнокос и висок маж кој носи подарок. Нема да биде добра година ако првиот гостин е машко лице со црвена или руса коса. Исто така, ако се работи за женско лице, може да ви донесе лоша среќа!
Најинтересните обичаи ширум светот
Данците на новогодишната ноќ кршат чинии пред влезната врата. Чиниите ги претставуваат пријателите, односно колку повеќе се скршени, толку повеќе пријатели ќе има во животот.
Во Грција, Новата година е и празник на Свети Василиј. Тогаш се пече свети Василиев колач во кој се става паричка. Кој ќе ја најде паричката ќе биде среќен во Новата година.
Во Јапонија се верува дека мора на сите да им се прости за да се влезе целосно чист во новото лето. На 31 декември камбаните на будистичките храмови ѕвонат 108 пати затоа што вака се бркале 108 човечки слабости. Во Тибет се организира новогодишен аџилак кој трае дури четири дена.
Еден стар сицилијански обичај вели дека среќата во новата година ќе им дојде на оние кои ќе јадат лазањи на Нова година, но лоша среќа го следи секој што на тој ден јаде макарони или какви било тестенини освен лазањи.
Во Шпанија, кога е полноќ, треба да изедете 12 бобинки грозје – по едно за среќа во секој месец од годината.
Во некои градови во Колумбија семејствата симболично го слават поминувањето на старата и доаѓањето на новата година забавувајќи се со кукла. Голема машка кукла ја претставува старата година, семејството ја обвиткува во различни материјали и конечно точно на полноќ се пали.