НОВОГОДИШНИ ЕКЛЕРЧИЊА „ЛАПНИ ГОЛТНИ“: Со овој рецепт не можете ги погрешите! Тестото е идеално за воздушести колачи полни со крем. Еве што ви е потребно според рецептот на Тања:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 23 еклери:
Тесто:
200 мл вода
100 г путер
1/3 лажиче сол
1.5 лажиче шеќер
150 г брашно
3-4 средни јајца
се печат на 190 С 35-40 минути
Крем:
1 големо јајце
200 г шеќер
170 мл млеко
1-2 лажици рум/коњак (по избор, за вкус)
ванила
250 г путер
Глазура:
90 г чоколадо
40 г путер
ПОСТАПКА:
Најпрво пригответе го кремот за да има време да се олади. Сите состојки измешајте ги во тенџере, па ставете на оган и непрекинато мешајте додека да добие густина нешто погусто од јогурт. Сипете ја во посебен сад, покријте ја со најлонска фолија и оставете да се лади.
Во тенџере ставете го путерот со вода, сол и шеќер и ставете на оган да се растопи и зоврие, но не смее да се вари. Тргнете го тенџерето настрана, додајте го брашното и брзо мешајте додека да се создаде компактна смеса.
Вратете на оган и продолжете со мешањето уште кратко време додека на дното од тенџерето да се појави тенок филм-слој. Тргнете го повторно настрана и истурете го во некој подлабок сад и раширете го за побрзо да се олади.
Проверете со прст и ако е млако, можете да започнете со додавање на јајцата. Додавајте ги едно по едно и матете со миксер со спирални продолжетоци, или рачно. Кога ќе се впие јајцето, додајте го следното.
Обично се потребни три средни јајца, но ако тестото било суво или во зависност од брашното, некогаш е потребно да додадете уште едно или половина јајце.
Ако конзистенцијата бара уште малку јајце, најдобро е настрана едно да изматите и постепено, малку по малку да го додавате до потребната густина. Ако додадете повеќе од што е потребно, нема назад.
Тестото треба да биде густо, мазно, хомогено, меко и малку аморфно. Кога ќе ја подигнете лопатката полна со тесто, тоа треба полека да се лизга и да се откине образувајќи триаголник (погледни фото или видео подолу на линкот).
Тестото наполнете го во кујнска кеса на чиј крај има ѕвездест продолжеток. Плехот обложете го со хартија за печење (јас користам квалитетна хартија која издржува 230 степени без промена на својствата, а ако имате потенка, тогаш ставете два слоја).
Истиснувајте го тестото и сечете го со ножички. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени, 35-40 минути. Половина час воопшто не ја отворајте рерната, а потоа само кратко ѕирнете за да ги проверите до каде се со печењето.
Тие треба да пораснат додека се печат од топлиот воздух, а ако ја отворите вратата, ќе се олади воздухот и тие ќе спласнат. Кога ќе се испечат извадете ги и оставете ги да се оладат. Тие се меки, крцкави, а внатре шупливи.
Фил: путерот кој претходно омекнал на собна температура пенасто изматете го со миксер, па започнете постепено да го додавате полутечниот фил.
Овој крем не е толку цврст и густ како другите креми за филување, но откако ќе се соедини со путерот ќе стане компактен, а кога ќе се наполнат еклерите, во фрижидер уште повеќе ќе се стегне.
Со дрвени стапче или нешто шилесто направете им дупчиња на колачиња, а потоа преку готварски шприц наполнете ги со филот.
Одозгора прелијте ги со чоколадна глазура (чоколадото растопете го на пареа или во микробранова и помешајте го со малку масло).
Одозгора наросете ги со сечкани јатки и кандирано овошје или декорирајте ги по желба. Еклерите изладете ги во фрижидер пред послужување. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.