Рецепт и видео презентација на Мои Домашни рецепти – Новогодишна „Ружица” баклава.

Вкусна баклава приготвена со домашно развлечени кори во вид на ружичка. Ладна баклава – топол шербет.

Потребни состојки:

2 жолчки од јајца, 1 јајце, 100 мл млеко, 100 мл масло, 2 супени лажици кисело млеко, 500 г брашно, 10 г прашок за печиво (1 кесичка), 150 г нишесте/густин/скроб, 300 г ореви, калап 30 см, 300 г маргарин/путер

за шербет: 800 г шеќер, 700 мл вода, 8 г ванилин шеќер ½ лимон – сок

Постапка:

Во длабок сад ставете 2 жолчки, 1 цело јајце, 100 мл млеко, 100 мл масло и 2 супени лажици кисела павлака. Убаво изматете со маталка додека да се соедини смесата.

Потоа додајте 500 г просеано брашно и 10 г прашок за печиво, па убаво со рака соединете ги состојките додека да добиете убаво мазно и меко  тесто.

Оставете го да одмори 10 минути. На малку набрашнета работна површина истресете го тестото и лесно премесете го, а потоа поделете го на 10 топчиња. Покријте ги со кеса и оставете ги да одморат додека едно по едно ги развлекувате во кори.

Површината наросете ја со густин, па со сyкалка развлечете правоаголна кора. Постојано наросувајте нишесте додека ги развлекувате корите за да не ви се лепат.

Поклопувајте по две кори една врз друга, а врз секоја кора наросете околу 30 г сечкани/мелени ореви. Потоа свиткајте во ролат, а ролатот исечете го приближно на еднакви парчиња (првото што ќе го исечете нека ви биде мерка за останатите).

Исечените „ружички” редете ги во малку намастениот калап, едно до друго. Постапката повторете ја со останатото тесто.

300 г путер растопете го на тивок оган и рамномерно полијте го врз баклавата. Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени, а после 20 минути намалете на 180 степени и печете уште 40 минути. Печената баклава оставете ја да се олади.

Потоа пригответе го шербетот: 800 г шеќер прелијте со 700 мл вода и додадете 1 ванилин шеќер и исцеден сок од еден лимон. Оставете да се вари 15 минути. Оставете го да одмори 5 минути, па веднаш додека е врел прелијте ја изладената баклава.

Оставете ја поклопено да го впие шербетот околу 12 часа. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.