Тортата е навистина превкусна, ретко кој не побарал уште едно парче. Потребни состојки: 1,5 литар млеко, 14 лажици шеќер, 5 пудинг од карамел, 250 г путер, 500 г шлаг, 500 мл газирана вода и 600 г турски бисквити Petitbeurre
Постапка: Од вкупното млеко одвојте 200 мл и додадете 5 кесички пудинг и две лажици шеќер. Тргнете на страна. Остатокот од шеќерот (12 полни лажици) растопете ги на оган да добиете карамел, па додадете го во претходно загреаното млеко.
Кога сето добро ќе се оседини и проврие, додадете ја смесата со пудингот и варете со постојано мешање додека да згусне. Оставете го пудингот да излади и соединете го со измиксаниот путер.
Посебно изматете 500 г шлаг со 500 мл газирана вода. Потоа редете ја тортата во тепсија со димензии 35х25 см: бисквити – фил – шлаг – бисквити – фил – шлаг итн. Вака направете четири редови и на крај обложете ја целата торта со шлаг.
Оставете ја тортата неколку часови во фрижидер, добро да излади и вкусовите да се соединат. Наместо 5 пудинзи од карамел може да користите од ванила и да ставите 15 лажици шеќер наместо 14.