Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази починала во четвртокот при породување со царски рез, дознава НОВА од лекарски извори.
Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватаната болница Санте Плус и при вовед на целосна во анстезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта при што не можела да дише.
Информацијата ја потврдија во болницата Санте Плус од каде велат дека најверојатно станува збор за силна алергиска реакција од анестазијата. Лекарите кои ја породувале направиле се за да ја спасат, час и половина се обидувале да ја вратат во живот и да ги ослободат дишните патишта.
Младата жена добила застој на срцевата работа при што бил употребен и дефибрилатор. По половина час борба за да се спаси животот на жената лекарите го извадиле бебето кое исто така останало без кислород. По обидот за реанимација на тимот од Санте Плус, младата родила со возило била однесена на КАРИЛ.
Раководтсвото на болницата за НОВА тврди дека жената не починала во Санте Плус, туку во КАРИЛ.
„Имаше срцева акција кога ја однесовме во КАРИЛ. Тимот од лекари кај нас дадоа се од себе за да ја реанимираат, но безуспешно и затоа ја однесовме таму.
Таа е прворотка и сама потпишала да прими целосна анестезија иако и била понудена опцијата за спинална, односно само за половина дел од телото“, изјавија за НОВА и од раководстсвото и од екипата на лекари во Санте Плус.
Но, тимот кој што ја примил родилката во едницата за интензивно лекување и реанимација(КАРИЛ) е дециден е дека жената била донесена мртва.
Тие велат дека не знаат што се случувало во приватната болница, ниту по пат од болницата до КАРИЛ од каде има половина час патување заради сообраќајот.
…
повеќе тука
Извор: Галама