БРИОШ ПИЦИ: НОВИОТ РЕЦЕПТ ШТО ГО ОСВОИ СВЕТОТ
Оваа бриош не е обична пица, туку меко, воздушно лепче со кашкавал внатре и надвор, кое се топи во уста.
Без премногу компликации – само 10 минути подготовка и ќе имате топол, миризлив оброк што совршено се комбинира со салата или кисело млеко, пишува НМД. Еве шт ви е потребно:
Потребни состојки:
За тестото:
200 ml млака млеко
1 јајце
3 лажици масло
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 кесичка сув квасец (7 g)
600 g брашно (плус 1 лажица по потреба)
НМД
За полнење:
300 g рендан кашкавал
150 g фета сирење (изронето)
За премачкување:
1 жолчка
(по желба: ситно сечкан влашец или магдонос за посипување)

Постапка:
1. Во поголем сад измешајте млакото млеко, маслото, јајцето, шеќерот, солта и сувиот квасец. Мешајте со лажица додека квасецот целосно се раствори.
2. Постепено додавајте го брашното, мешајќи со лажица. Кога тестото ќе почне да се одвојува од ѕидовите, престанете. Тестото треба да биде меко и малку лепливо. Доколку е премногу течно, додајте уште една лажица брашно.
3. Покријте го садот и оставете го тестото да стаса 20–30 минути на топло место – доволно е да се удвои во волумен.
4. За полнењето: измешајте го ренданиот кашкавал со ситното сирење. Поделете ја смесата на два дела – еден за внатре, другиот за врз пицата.
5. На побрашнета површина нежно извадете го тестото, кратко премесете го и формирајте топка. Со прстите раширете го во круг со дијаметар од околу 30 cm.
6. На средината ставете половина од филот, внимателно преклопете ги краевите и формирајте нова топка. Добро спојте ги рабовите за да не истече филот при печењето. Потоа повторно раширете го со прсти до 30 cm.
7. Префрлете го на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со жолчка и посипете го преостанатиот фил.
8. Печете во загреана рерна на 180°C, 20–25 минути, додека убаво се зарумени и кашкавалот се растопи.
9. Извадете го, оставете да се излади 15–20 минути пред сечење. Посипете со влашец или магдонос по желба.
Уживајте во оваа едноставна, но волшебна комбинација од мек бриош и растопено сирење. Совршено за секојдневен оброк или закуска. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































