Home ситни колачи НОВА БАЈАДЕРА…Најдобриот колач со ореви без печење…За 8 минути, без јајца и...

НОВА БАЈАДЕРА…Најдобриот колач со ореви без печење…За 8 минути, без јајца и брашно…

НОВА БАЈАДЕРА…Најдобриот колач со ореви без печење…За 8 минути, без јајца и брашно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

180 г мелени ореви
400 г мелени бисквити
40 г шеќер
150 мл млеко
150 г путер
40 г кокос

За глазура:
200 (100+100) г чоколадо
1 лажица масло
50 г бело чоколадо за декорација

ПОСТАПКА:

На умерен оган растопете ги шеќерот и путерот во млеко, па залијте ја мешавината од ореви и бисквити. Добиената смеса поделете ја на 2 дела. Во едниот дел вмешајте кокос, а во другиот дел 100 г растопено чоколадо.

Силиконските калапчиња полнете ги прво со чоколадната смеса, а одозгора со кокосовата смеса. Ако немате вакви модли, смесата распоредете ја во некој средно мал калап.

Одозгора декорирајте прво со растопено темно чоколадо, оставете во фрижидер 1 час, а потоа со бело. Оставете во фрижидер уште 20 минути пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.