Комбинацијата од чоколадо и кокос никого не остава рамнодушен, а во мноштвото рецепти за „баунти“ вкусот, го пронајдовме и овој, кој веднаш го испробавме и излезе далеку подобро од нашите очекувања. Доколку и вие сте љубители на попyларното баунти, запишете си го овој рецепт. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за помал калап за торти од 18 см, а за поголем удвојте ги состојките: 3 јајца, 80 г шеќер (3 супени лажици), 80 г брашно (3 супени лажици), 20 г какао во прав (2 супени лажици) 50 мл млеко (3,5 супени лажици), 30 мл масло за готвење (3 супени лажици), 1 прстофат сол, 1 чајна лажичка прашок за печиво (5 г или 1/2 кесичка)




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за фил од кокос): 1 чаша млеко (200 мл), 100 г несолен путер, 80 г шеќер (3 супени лажици), 250 г кокосови снегулки, 100 г кондензирано млеко (ако немате купечко, брз рецепт ОВДЕ). ЗА ГЛАЗУРА: 80 мл слатка павлака и 100 г чоколадо. За натопување на корите малку крем или обично млеко.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете три јајца, додајте прстофат сол и три супени лажици шеќер (80 г), па пенасто изматете со миксер додека шеќерот да се растопи, а јајцата да станат светло-кремасти. Матете околу 5-7 минути.




Во изматените јајца додајте три супени лажици масло (30 мл), три ипол супени лажици млеко (50 мл) и просеано брашно (80 г) помешано со 20 г какао во прав и половина кесичка прашок за печиво (5 г).




Повеќе не ви е потребен миксерот, а смесата промешајте ја со лажица или шпатула. Мешањето треба да биде бавно, со превртување на смесата од долу кон нагоре, а на тој начин таа ќе остане пенлива и воздушеста.




Смесата за пандишпан излејте ја во калап со флексибилен обрач (18 см), претходно обложен со хартија на дното и страните. протресете го неколку пати калапот, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час. За тоа време подгответе го белиот крем.




Во едно тенџере ставете 80 г шеќер (3 супени лажици) и една чаша млеко (200 мл). Додајте 10 г путер ситно исечкан на помали парчиња и 100 г кондензирано млеко. Смесата ставете ја на умерен оган и мешајте додека да зоврие и сите состојки да се растопат.




Штом зоврие додајте ги кокосовите снегулки и мешајте околу 2-3 минути додека да се хидрираат, а смесата да згусне. Потоа поклопете и тргнете настрана за да се олади. За тоа време, печениот и изладен пандишпан пресечете го на три тенки кори.




Калапот во кој го печевте пандишпанот повторно обложете го со хартија, ставете една кора на дното и натопете ја со 2-3 лажици млеко. Потоа рамномерно распоредете половина од филот со кокос и израмнете.




Поклопете со втората кора, натопете ја со неколку лажици млеко, па распоредете ја втората половина од филот. Ставете ја третата кора, натопете ја со млеко, па целата торта завиткајте со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер 2-3 часа.

Потоа отстранете го обрачот и хартијата, прелијте ја со глазурата (загрејте ја на тивок оган слатката павлака, додајте го чоколадото и мешајте додека д асе растопи). Оставете уште некое време додека да се стврдне малку глазурата, па сечете и послужете. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.