Ова е еден генијален метод за чистење на рерната и тоа од најголемите маснотии. Доколку ги обегнувате купечките средства за чистење кои се многу силни, а сте поборник на природната козметика и средства за хигиена, тогаш сигурно сте запознати со стариот метод за чистење со помош на сода бикарбона и оцет или лимон.




Сода бикарбоната и оцетот се многу ефикасна комбинација кога станува збор за отстранување и на најзакоравените дамки во домот, но сега за рерната постои едно уште подобро решение.




Речиси сите имаме искусено колку може да биде неугодно и долго рибањето на шпоретот и рерната, особено ако нечистотијата и маснотиите закоравеле со текот на времето. Ова обично е чест случај со шпретите во викендиците каде се свратува на ден-два и се нема време за детално чистење на рерната.




На кој било начин да сте го решавале овој проблем досега, веруваме дека овој совет може само да ви користи, а не може да одмогне. Оние кои веќе го испробаа велат дека на овој начин многу поефикасно се чисти рерната.




Исто така, многумина го споредија со магич-ната мешавина од сода бикарбона и оцет, па рекоа дека дека овој метод е далеку полесен и поефикасен. Моментно ги отстранува маснотиите, па дури и оние од вратничката на рерната.




Сè што ви е потребно за овој трик е таблета за машинско перење на садови и еден сад/чинија со топла вода. За да ги заштитите рацете задолжително носете заштитни ракавици. Ова правило не треба да се заборави никогаш при чистење на шпоретот.




Таблетите за перење садови содржат избелувач како активна состојка, па од тие причини пожелно е рацете да ви бидат заштитени додека ракувате со неа. Земете една чинија или чаша и наполнете со топла вода. Има два начини на користење, но повеќето го користат вториот.




Според првиот начин, ставете ја таблетата во топла вода, но не ја отпакувајте. Потребно е да постигнеме нејзино омекнување, а да не ја растворите во водата. Почекајте неколку минути додека да омекне, па користете ја. Но, можете и веднаш да ја користите: едноставно кратко (една секунда) потопете ја во топла вода и започнете со чистењето.




Со омекнатата таблета изрибајте ја вратничката од рерна. Потоа продолжете да го чистите стаклото со истата таблета, сè додека да се растопи. Кога еднаш ќе ја исчистите целата стаклена поврпина, избришете ја со хартиена салветка.




Отако ќе ја отстраните грубата нечистотија, завршете го чистењето со една влажна крпа за да се отстранат остатоците од таблетата. Резултатот ќе ве воодушеви. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.