НОВ ДЕСЕРТ ЗА 5 МИНУТИ: Без печење, без јајца…КРЕМАСТ КОЛАЧ СО КОКОС…Се топи во уста!Ќе заборавите на рафаелото! Ако сте љубители на колачите со кокос, тогаш овој ќе стане вашиот омилен. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г кокосови снегулки
1 литар млеко
200 г шеќер (или по вкус)
220 г брашно
50 г путер
1 кесичка ванилин шеќер
За фил:
100 г крем сирење
450 мл слатка павлака за шлаг
50 г шеќер во прав (или по вкус)
50 г мелени ореви или лешници
ПОСТАПКА:
1.Во плех од рерна обложен со хартија распоредете го кокосот рамномерно, така да биде прекриена целата површина и да нема празнини.
2.Во тенџере сипете млеко, шеќер и брашно, па добро измешајте за да нема грутчиња.
3.Ставете на оган и загревајте на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне.
4.Во сварениот крем додајте путер и ванила и мешајте додека да се растопи и инкорпорира.
5.Излејте го сварениот крем врз кокосот, рамномерно распоредете и израмнете, па оставете во фрижидер да се стегне најмалку 4 часа.
6.За крем: пенасто изматете го крем сирењето. Во посебен сад изматете ја слатката павлака во шлаг и пред крајот додајте го шеќерот во прав. На крај соединете ги двете смеси.
7.Извадете го стврднатиот крем од плехот врз рамна површина.
8.Врз него рамномерно распоредете го кремот и израмнете. Исечете го на 8 долгнавести правогалници и врз секој посипете мелени ореви или лешници.
9.Свиткајте ги во ролатчиња, а потоа секое ролатче пресечете го на половина, за да добиете 16 колачи.
10.Декорирајте со орев одозора и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.