Комбинацијата од кремот Нивеа со ориз ќе направи да изгледате на шеснаесетгодишна девојка, без разлика на вашата возраст. Оризот помага да се отстранат брчките и кожата ја прави блескава.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Рецепт 1:
1 мала лажичка бел ориз сомелен во прав
1 супена лажица нивеа крем
1 мала лажичка лимонов сок
1 мала лажичка бадемово масло
1 капсула витамин Е

Рецепт 2:
1 супена лажица нивеа крем
1 мала лажичка скроб/нишесте/густин
1 мала лажичка куркума во прав
1 мала лажичка маслиново масло

ПОСТАПКА РЕЦЕПТ 1: Во електрична мелница сомелете го оризот додека да се претвори во фин прашок. Не смее да има крупни абразивни парчиња. За таа намена просејте го низ ситно сито.

Во еден сад ставете една полна супена лажица нивеа крем, една мала лажичка мелен ориз во прав, една мала лажичка лимонов сок. Ако имате чувствителна кожа, заменете го со сок од портокал.

Додајте една мала лажичка бадемово масло и содржината од една капсула витамин Е. Сето добро измешајте го додека да добиете хомогена изедначена смеса. Складирајте ја во соодветен сад и чувајте во фрижидер.

УПОТРЕБА: Нанесувајте на навечер пред спиење, на чиста и сува кожа. Добро втријте ја на кожата од лицето и вратот, со нежни кружни движења. Оставете да делува преку цела ноќ. Следното утро измијте го лицето вообичаено. Веднаш ќе ја почувствувате разликата после првата употреба.

ПОСТАПКА РЕЦЕПТ 2: Во подлабок сад ставете една полна супена лажица нивеа крем. Додајте мала лажичка скроб, мала лажичка куркума. Куркумата има избелувачки ефекти врз кожата, ги отстранува погментните дамки. Добро измешајте додека да добиете изедначена смеса.

Потоа додајте мала лажичка маслиново масло и повторно промешајте додека да се соедини. Добиената смеса складирајте ја во соодветен сад и чувајте во фрижидер.

УПОТРЕБА: Нанесувајте на навечер пред спиење, на чиста и сува кожа. Добро втријте ја на кожата од лицето и вратот, со нежни кружни движења. Оставете да делува преку цела ноќ.

Следното утро измијте го лицето вообичаено. Веднаш ќе ја почувствувате разликата после првата употреба. Двете креми можете да ги користите наизменично, секоја втора вечер, или пак, кога ќе ја потрошите првата, да ја направите втората. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.