Медицинската сестра која ја објави фотографијата на социјалните мрежи, напиша дека пациентот не бил посетуван ниту од роднини, ниту од пријатели, а само еден гулаб слетувал преку прозорецот, секој ден во исто време.
Набрзо приказната за пациентот и гулабот стана вирална и споделувана од илјадници корисници.
Ова е уште еден начин да се согледа длабоката поврзаност на човекот со природата за која ретко обраќаме внимание. Природата и живиот свет кои нè опкружуваат, егзистираат заедно со нас и доколку дозволиме, можеме да ја почувствуваме таа длабока поврзаност.
Медицинската сестра која ја објави фотографијата, напиша:
“Поминаа пет дена откако пациентот пристигна во нашата болница. Беше примен со неколку здравствени проблеми и задржан за понатамошно испитување.
За време на овие пет дена никој од неговото семејство не дојде да го посети, ниту некој се јави да праша за неговото здравје. Можеби човекот живеел сам, не знаеме, но сите од персоналот се прашувавме.
Тоа е еден кроток, молчелив човек со љубезни очи. Секогаш ни се заблагодарува за негата, па дури и кога ќе влеземе да му измериме температура.
Уште првиот ден кога преноќи кај нас, преку отворениот прозор долетал гулаб кој му слетал на креветот. Во моментот влегла една од дежурните сестри и се обидела да го избрка, а пациентот ја замолил да не го прави тоа.
Веќе следниот ден сите во болницата дознавме за гулабот, кој дојде во посета и следниот ден, во исто време.
Еве, веќе пет дена доаѓа преку прозорот и слетува врз креветот на пациентот. Ќе поседи малку, ќе се повртка околу него, како да му зборува нешто, а потоа си одлетува…
Подоцна дознавме дека овој човек порано секој ден одел во паркот, седел на една иста клупа и ги ранел гулабите…
Можеби е некој од гулабите кои ги ранел, а можеби е само коинциденција. Како и да е, ова е нешто најубаво што сум го доживеала во животот, искажување на БЛАГОДАРНОСТ, па затоа сакав да го споделам со сите вас”, завршува сестрата.