НИКОЈ НЕМА ДА ПОГОДИ КАКО СТЕ ГИ НАПРАВИЛЕ! Колачиња за ЧАЈ Едноставно и ЕВТИНО. Овие колачи ќе ги направите многу лесно и едноставно, но изгледаат многу декоративно. еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Брашно – 300 грама
Прашок за печиво – 1 лажиче
Путер – 100 грама
Со прстите соединете го омекнатиот путер за да добиете смеса како трошки. Потоа додајте:
Ванилин шеќер – 0,5 лажиче
Шеќер – 70 г
Промешајте и додајте:
Јајце – 1
Кисела авлака (незасладен цврст јогурт) – 2 лажици
Замесете со рака додека тестото да стане комапктно. Завиткајте го во кеса и оставете го 20 минути во фрижидер. За тоа време пригответе го филот:
За фил:
Крем/младо сирење или несолена урда – 300 грама
Шеќер – 3 лажици
Ванилин шеќер 1 лажиче
Соединете ги состојките со рачен блендер додека да добиете убава мазна кремаста смеса. Оставете го кремот во фрижидер додека го работите тестото:
Извадете го од фрижидер и врз набрашнета површина развлечете го со оклагија.
Развлечете го тенко, па отсечете ги краевите за да добиете правилен правоаголник.
Исечете го на еднакви 9 квадрати.
На секој квадрат направете засеци од приближно 3-4 см од средината на секоја страна. Во средината од секој квадрат ставете фил.
Со прстите опфатете два спротивни краја и соединете ги над филот – горе. Потоа опфатете го од долната страна и тука соединете ги двата агли – долу.
Постапката повторете ја и од другата страна. А потоа истото направете го и со другите спротивни агли.
Наредете ги во намастен плех.
Печете на 180°C 30 минути.
Оставете да се подизладат. Одозгора наросете ги со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.