Никој не ги одбива овие ПИРОШКИ…Имаат неодолив мирис и секој посегнува по уште едно парче…Тестото треба да ферментира подолго време, но затоа добива неверојатен вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):

6,5 чаши брашно (контролирано, 650 г)
2 лажици цврст јогурт или кисела павлака (40 г)
по 1 лажичка сол и шеќер
1 кесичка квасец (10 г)
2 чаши топла вода (400 мл)

ПОСТАПКА:

1.Во топлата вода растворете ги квасецот и шеќерот, а по 5 минути додајте го брашното, солта и јогуртот. Месете го 5 минути додека убаво да се измазни. Треба да е меко, еластично и да се одлепува од подлогата.

2.Покријте ги и оставете го на топло да ферментира 30 минути. Премесете го, па повторно оставете го да ферментира 30 минути. При премесувањето натопувајте ги прстите во вода за да не ви лепи.

ПИРОШКИ ОД КОМПИР…Толку многу се вкусни, што колку и да направам, малку се…

3.Оставете го по трет пат да ферментира 30 минути. После третото страсување, малку премесете го на работна површина, посипете го со малку брашно и поделете го на 22 топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.

4.Со прстите развлечете го топчето во кора со големина на средна чинија (без оклагија). На едниот крај ставете фил (ситно сирење или кашкавал или нешто по ваш вкус), па свиткајте ја пирошката.

5.Вака подготвените пирошки оставете ги покриени да одморат 15 минути, додека се загрева маслото.

6.Пржете ги во умерено загреано маслко додека да добијат убава златна боја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=bRugkKoOzZg