Колачот ЗЕБРА можете да го приготвите во рерна или во микробранова печка, со тоа што времето на печење ќе го намалите на само 10 минути!
Потребни состојки:
500 г полномасно сирење
5 супени лажици шеќер
2 јајца
4 лажици гриз
1 лажица какао во прав
150 мл млеко
1 ванилин шеќер
2 г сол, на врв од ножот
малку прашок за печиво
Постапка:
Во сирењето ставете го шеќерот, солта, јајцата и ванилин шеќерот. Измешајте добро. Потоа додадете го млекото и гризот, па повторно промешајте. Добиеното тесто поделете го на два дела. Во едниот додадете какао и промешајте го.
Калапот за печење намастете го со масло, па започнете наизменично да го редете тестото: бело, па кафеаво. Да речеме, ставете прво лажица бело, па одозгора лажица кафеаво, па повторно бело тесто и така додека да се потрошат двете смеси.
Одозгора можете со виљушка или чепкалка да исцртате шари, па дури можете да направите и цртеж.
Овој колач може да се испече на два начини.
Можете да го ставите во загреана рерна на 180 степени и да го печете 35-40 минути.
А, можете да го печете и во микробранова печка, како што јас го печам. Садот со тестото се става во микро-печката, се мести на максимална сила (мојата е 750 W) и тајмерот го местиме на 10 минути.
После 10 минути колачот е готов. Нека отстои во микробрановата уште 2 минути. Потоа извадете го од калапот, оставете да излади, па сечете го.
Колачот можете да го превртите и да го наросите со чоколадо или да го прелието со чоколадна глазура, па одозгора да наросете ореви…тоа е работа на ваш вкус.
Фото и рецепт: Малена (Forum.studio-md1.eu)