Понекогаш уредувањето на детската соба не е едноставна задача, бидејќи мора да се земат во предвид многу фактори.
Собата пред се’ мора да биде безбедна, но и да ги задоволи желбите и интересите на детето.
Овие родители направиле чекор потаму во својата креативност, а од детската соба направиле вистински мал „рај“ за своите деца.
При уредувањето на детската соба за деца од различен пол, треба да се земат предвид нивните различни потреби, како и потребата за приватност.
Кога децата се мали потребата за приватност не е толку истакната. Но, во подоцнежниот период таа може да претставува проблем, особено ако децата се од спротивен пол.
Затоа пожелно е за малечките да се одбере една од поголемите соби во домот. Организацијата на просторот пред сè зависи од големината на собата.
Ако собата е поголема, таа може визуелно да се подели и да се организира катче за секое дете посебно. Собата може и да прегради со импровизирана тенка преграда.
Во едниот крај на собата нека е катчето за момчето, а во другиот – катче за девојчето. Помеѓу нив може да се стават плакари, кои би биле заеднички.
При изборот на бои за деца од спротивен пол, треба да се направи некој вид на компромис. Најдобри се комбинациите кои одговараат и на момчето и на девојчето.
Така, погодни се нијанси на зелена боја, со сини или портокалови детали, како и комбинација на портокалова и жолта боја, со зелени и темно сини детали.