Прв рецепт – Нескафе торта, лесна, брза, не се пече – од вчера ми остана само уште едно мало парче! Оваа лесна торта ние ја обожуваме, а што е најважно, многу лесно се приготвува, не се пече а уште полесно се јаде.
Најмалку трипати по ред децата ми ја бараа за роденден. За празниците мора да се направи на нивно барање, а исто така, често и без некој повод, бидејќи за оваа торта не треба повод. Рецептот го имам најмалку 15 години и се’ уште е актуелен, уште ми го бараат…
Кој ја пробал, не може така лесно да ја заборави! Потребни состојки: 500 г бисквити (а можете и готови кори за торта), 500 мл слатка павлака (хопла), 3 јајца, 11 лажици шеќер, 3 лажици нескафе (или можете капучино) и малку млеко за натопување на бисквитите.
Постапка: Изматете ја слатката павлака со половината од вкупниот шеќер (5,5 лажици). Во друг сад, кремасто изматете ги јајцата со остатокот од шеќерот. На крај додадете нескафе и матете уште малку за да се растопи кафето.
Смесата излејте ја во садот со слатката павлака и измиксајте убаво сето да се измеша и соедини. Бисквитите едно по едно на кратко натопувајте ги во млеко, или прво наредете ги па одозгора со лажица потурајте по малку млеко.
Во млекото можете да додадете и малку рум, но не мора. Наредете ги бисквитите, па над нив нанесете слој фил со дебелина од околу еден прст. Така 3-4 редови бисквити и над секој ред фил. Одозгора украсете со рендано чоколадо или чоколадни трошки, па оставете во фрижидер добро да излади, најдобро преку ноќ.
Напомена: наместо бисквити можете да употребите готови купечки кори, така е уште побрзо. Може исто така, наместо нескафе да ставите капучино, особено кога станува збор за желбите на децата.. Е сега… оригиналниот рецепт е со двојни состојки.
Но мене, освен за посебни пригоди, како родендени и слично, секогаш ми е доволно половина доза, бидејќи навистина многу излегува. Уште една работа, во оригиналниот рецепт пишува 250 г маргарин, а оваа доза ако сакате ставете 125 г. Путерот или маргаринот се става за да го стегне филот малку повеќе, но јас веќе со години не го ставам.
Вкусот ми е некако подобар. Што и да употребите, не е важно зошто тортата се изедува во рекордно време, а ако нешто ви остане можете да ја ставите во замрзнувач, па ќе ви дојде нешто како сладолед…Фото и рецепт на Beti Josi (Klara boss).
Пробајте го и вториот рецепт – Капучино колач, многу вкусен десерт со вкус на кафе – Многу лесен, со крем од ванила, шлаг и нескафе. Фото и рецепт на Линда. Многу фин колач со вкус на кафе, вистински неделен десерт.
Со лесна кора која по желба можете да ја натопите со сварено нескафе, но не мора. Кремот е со вкус на ванила, има и шлаг и нескафе, вистинска освежителна комбинација. Потребни состојки: 6 јајца, 150 г шеќер, 150 г брашно, 50 г густин.
За крем: 500 г крем сирење, 400 мл слатка павлака за шлаг, 3-4 лажици шеќер во прав и 1 чајна лажичка нескафе. Постапка: Белките измиксајте ги пенасто со шеќер – Потоа, во снегот додавајте една по една жолчка со постојано матење.
Брашното и густинот додадете ги и промешајте ги нежно со лажица. Смесата рамномерно распордете ја во плех обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 160 степени, околу 40 минути.
Кога ќе излади, исечете на три ленти. Купете крем сирење или направете си го сами од кисела павлака. Од 500 г кисела павлака се добиваат 320 г маскарпоне: Ставете ја павлаката во чиста густа газа, врзете ја во јазол и обесете ја на некој стап да се цеди преку цела ноќ, во фрижидер – и тоа е тоа.
Нескафето растопете го во лажичка топла вода, па додадете го во крем-сирењето и шеќер во прав по желба. Измиксајте ја склатката павлака во шлаг. Сето заедно нежно промешајте го за да се изедначи. Добиениот крем поделете го на три дела. Првата кора премачкјате ја со крем и одозгора наросете со обично какао во прав.
Поклопете со втора кора, премачкјате со крем, наросете какао, и сè така до крај. Премачкајте ја и третата кора и ставете го колачот во фрижидер добро се олади и стегне. Доколку сакате, корите можете да ги натопувате со малку сварено кафе, за поинтензивен вкус и поголема сочност.