Нереално вкусно…Многу едноставно и брзо јадење од компир и кашкавал…Еве што ви е потребно за две парчиња:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
100 мл топло млеко
100 мл топла вода
1/2 лажичка сол
1 лажица шеќер
1 јајце
1 лажичка сув квасец 4 г
300 г брашно
40 г масло 4 лажици

За фил:
350 г компири (3 парчиња)
250 г рендан кашкавал / моцарела
2 лажици мајонез
сол по вкус
1 жолчка + 1 лажица млеко за премачкување
се пече на 180 степени, 30-35 минути

ПОСТАПКА:

1.Измешајте ги топлата вода и млеко со јајцето на собна температира и додајте сол, шеќер и квасец. Сето добро соединете го, па додајте брашно и замесете тесто.

2.Кога ќе стане компактно залијте го со маслото, па домесете го за да се измазни. Оставете го покриено на топло место да ферментира 40-60 минути или додека да го удвои волуменот.

3.За тоа време сварете ги компирите, процедете ги од водата, посолете ги, додајте мајонез и направете пире. Додајте го ренданиот кашкавал (230 г) и промешајте. Филот поделете го на 2 дела.

4.Тестото премесете го и поделете го на две топки. Развлечете ги во тенки кори како пици и во секоја на средината ставете фил како топка.

Со прстите опфатете го тестото од страните и затворете ја топката фил од сите страни.

5.Повторно со нежно натапкување сплескајте ја питата колку што можете потенко. Постапката повторете ја и со второто тесто.

6.Одозгора премачкјате со разматена жолчка и посипете рендан кашкавал (20 г). Печете во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.