НЕПЕЧЕНА ТОРТА СО 7 СЛОЈА: „Сон на соништата“ – Најубавиот кремаст десерт! Кремаста и многу вкусна торта без печење со банани и крем банани.
Брзо се подготвува, ќе го користите само шпоретот за да го сварите пудингот, а потоа само намачкајте и изматете. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г пишкоти
300 г мелен плазма бисквит
350 мл сок од портокал од тетрапак
3 кесички пудинг од ванила (3х40 г)
6 супени лажици шеќер
750 мл млеко
2 маргарини со вкус на слатка павлака (2х250 г)
500 г шеќер во прав
20 парчиња чоко банани
5 банани
300 г шлаг
500 мл млеко или вода за шлагот
околу 300 мл млеко за натопување на бисквитите
ПОСТАПКА:
I слој:
Пишкотите кратко потопете го во млако млеко и наредете ги во еден слој. Јас редев 8×3 на голем послужавник.
II слој:
Мелениот плазма бисквит прелијте го со сок од портокал, мешајте додека убаво да се натопи.
Посебно изматете 1 маргарин со 250 г шеќер во прав, па соединете со плазма бисквитите и убаво измешајте. Намачкајте ја целата количина преку пишкотите.
III слој:
Чоко бананите исечкајте ги по должина и наредете ги преку филот од плазма.
IV слој:
Во 750 мл млеко згответе 3 пудинга со 6 лажици шеќер.
Посебно се мати 1 маргарин со 250 г шеќер во прав и се меша со изладениот пудинг.
Половина од овој фил премачкајте го врз чоколадните банани.
V слој:
Наредете уште еден слој пишкоти потопени во млако млеко.
VI слој:
Премачкајте со другата половина од филот со пудинг.
VII слој:
Бананите исечкајте ги на прстени и наредете ги преку филот.
Изматете го шлагот со млеко или вода, премачкајте ја целата торта одозгора и од страните и декорирајте по желба.
Послужување
Тортата е многу голема и се добиваат многу парчиња.
Водете сметка бананите да бидат меки, инаку ќе има проблеми при сечењето на колачот.
Добро изладете ја тортата и уживајте! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.