Оригиналниот ролат се приготвува од плазма кекси, но може да се употребат и други бисквити како што се petit beurre, но вистинскиот вкус се добива со плазма.

Потребни состојки:

300 г мелени бисквити

2 преполни лажици какао

100 г шеќер во прав

2 лажици рум

200 мл млеко

За крем:

100 г шеќер во прав

100 г путер/маргарин

50 г кокос

И уште 50 г кокос

Постапка:

Мелените бисквити заедно со какао, шеќер во прав, рум и млеко добро измешајте ги, прво со миксер а потоа со раце, додека да добиете компактна смеса која може лесно да се формира.

Со миксер изматете го путерот, додадете кокос и шеќер во прав, па сето добро измешајте го да се соедини.

На работната површина распосбртелете проѕирна фолија и врз неа наросете кокос (50 г), па нанесете ја смесата од бисквити и развлечете или со рацете натапкајте.

Врз смесата од бисквити рамномерно нанесете го белиот крем.

Свиткајте во ролат, завиткајте во фолија и оставете во фрижидер да се стегне.

Кога ќе биде изладен ролатот сечете го на парчиња со дебелина од 1 см.

Tortekolaci.com