Мерка е средна шолја за кафе

Потребни состојки за две кори:

4 шолји вода

2 шолји масло

1 мал прстофат сол

4 шолји брашно

1/2 лажичка прашок за печиво

6 јајца за изладеното тесто

За крем:

600 мл млеко

3 пудинг од ванила

8 лажици шеќер

2 ванилин шеќер

250 г путер / маргарин

150 г шлаг крем

10-15 крем банани

100 г чоколадо

Постапка:

Во поголем сад налеваме 4 шолји вода, 2 шолји масло и мал прстофат сол. Ставаме на оган да зоврие а во меѓувреме измерете 4 шолји брашно во кое ќе додадете прашок за печиво колку на врв од лажичката (половина лажичка).

Кога ќе зоврие течноста тргнете ја на страна и постепено со постојано мешање додадете го брашното.

Намалете го огнот на средна температура и вратете го садот за да се довари, додека да се формира како топка и да се одвојува од ѕидовите на садот. Цело време го мешате.

Свареното тесто префрлете го во пластичен сад за побрзо и полесно да излади, но повремено промешувајте го за да не фати коричка.

Додека се лади тестото го приготвуваме филот:

Од 600 мл млеко одвојуваме малку за да го размешаме пудингот, а остатокот го ставаме на оган со 2 ванилин шеќери и 8 лажици шеќер.

Кога ќе зоврие млекото се вари пудингот и се префрла во друг сад за побрзо да излади, па исто како тестото се промешува повремено за да не фати коричка или покријте со проѕирна фолија.

Во изладеното тесто додаваме едно по едно вкупно 6 јајца додека цело време матиме со миксер со спирални продолжетоци.

Смесата ја полниме во кеса со модла за тулумби и ја истиснуваме во плех обложен со хартија, во вертикални линии една покрај друга, а потоа со лажица ги спојуваме празнините и израмнуваме за да добиеме рамна кора.

Кората се пече околу 15-тина минути во загреана рерна на 200 степени и за цело време не смее да се отвора рерната. Постапката се повторува уште еднаш за втората кора.

Во изладениот пудинг постепено се додава пенасто изматениот путер со постојано миксање додека да се спојат и на крај додаваме 2-3 полни лажици шлаг кој претходно сме го изматиле.

Во кремот додадете сечкани крем банани или свежи банани по избор.

Редење: кора – фил – кора.

Одозгора можете да премачкате со малку тенок слој фил и да прелиете со топено чоколадо или едноставно наросете шеќер во прав.

Постапката погледнете ја во видеото: