Неодолив колач со мед и ореви…Брз и многу вкусен, од тефтерот на баба ми…
Овој колач е најсладок ако го изедете во друштво со кафе, чај и пријатен разговор…Се мери со чаша со 200 мл.
Брзо се прави и никој не може да му одолее. Ова е еден од омилените колачи кои ги правеше баба ми. Веднаш се изедува и речиси никогаш не останува за следниот ден. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1/2 чаша шеќер
1 чаша мед (може половина чаша кој сака помалку слатко)
1 чаша газирана вода или обична вода
1/3 чаша масло (80 мл)
2 чаши брашно тип 400
2 чаши мелени ореви
1 кесичка прашок за печиво (12 г)
шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
Измешајте шеќер, мед, вода и масло. Мешајте додека да се растопи шеќерот. Во брашното помешајте го прашокот за печиво, просејте го и помешајте го со мелените ореви. Помешајте ги сувите состојки со влажните и соединете.
Смесата сипете ја во калап 28х18.5 см и печете во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 25 минути. Оставете малку да се олади и посипете со шеќер во прав и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.