Како силен природен лек, единствено маслото од диво оригано може да му биде конкуренција. Меѓутоа, овој природен антибиотик чија главна состојка е ренот, има широк спектар на делување.

Па така, освен што делува антибиотски и антивирално, има способност да го подобрува памтењето и да ги топи масните наслаги, што е исклучително корисно за оние што мака мачат со вишокот килограми.

Рецепт: го подобрува памтењето, ги топи масните наслаги, го подобрува видот и слухот!Ренот го забрзува метаболизмот, дава енергија со што повеќе нема да бидете уморни. Го поттикнува развојот на добрите бактерии во стомакот…

Овој лек е еден од најмоќните кој не само што ќе ви го подобри памтењето за 80%, туку ќе ги стопи и масните наслаги со кои се борите веќе со години наназад.

Клучната состојка на овој лек е ренот кој е богат со витамин Ц, калиум, витамини Б1, Б2 и Б6, како и железо, магнезиум и фосфор.

Каква здравствена корист можете да добиете од ренот:

-ја подобрува отпорноста на организмот, бидејќи содржи витамин Ц, калиум, калциум, магнезиум и фосфор, како и витамини од Б групата, се смета за природен заштитник од настинки, вирози и грипови и други сезонски болести.

-лутиот вкус го има благодарение на состојката гликозид синигрин, која многу поволно влијае врз синусите. Па така, при консумација ги отвора затнатите синуси, а инхалацијата со оваа билка помага да се ослободат сите дишни патишта.

-претставува природен антибиотик и конзерванс, бидејќи докажано спречува размножување на бактерии.

-го прочистува црниот дроб и затоа се препорачува за детокс кога сакаме да ги исфрлиме сите штетни материи од организмот.

-ја подобрува и олеснува дигестијата, бидејќи ја поттикнува перисталтиката особено ако го консумирате со масни и солени намирници во текот на празничните денови.

-облоги од рендан рен ја намалуваат вкочанетоста на мускулите, ревматската болка, главоболката (ако облогата се постави на теме неколку минути)

-ренот е чувар на срцето кој ја подобрува циркулацијата и делува превентивно кај кардиоваскуларни болести.

Напомена: активните состојки во ренот може да предизвикаат повраќање и дијареа ако се консумира во големи количини, особено ако приготвувате тинктури од свеж рен со повеќе од 80 мл сок од рен.

Ренот најчесто се ренда свеж или се сечка на коцки, бидејќи со готвење ги губи своите лековити својства. НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 125 г рен, 4 лимони, 3 лажици мед, 2 лажици цимет, мало парче свеж ѓумбир околу 2 см

Постапка: во блендер испасирајте го ренот и ѓумбирот. Лимонот исцедете го, сокот додајте го во блендер и добро измешајте. На крај додајте цимет и мед. Добро изедначената смеса складирајте ја во стаклена тегла.

Употреба: двапати дневно по една лажица пред оброк, а ако вежбате пред тренинг. Практикувајте го ова три седмици и кога ќе ги видите феноменалните резултати нема да се покаете.

Само ренот може да излекува упорна и сува кашлица, но и воспаление на бели дробови – запишете го овој лек

Овој народен лек запишете си го и направете го додека ренот сè уште го има на пазарите.

Обратете внимание на овој исклучително здрав народен лек од рен. Поради своите антибиотски својства, ренот со години се користи во традиционалната медицина за лекување на бронхитис, синуситис, кашлица и настинка.

РЕН И МЕД

Потребни состојки: 1 супена лажица рендан рен, 3 лажици мед

Постапка: една супена лажица свежо изрендан рен се меша со 3 лажици мед. Ова е соодносот, а вие пригответе количина според потребите.

Се зема по една мала лажичка 5 пати дневно, на еднакви растојанија. Ефектот на смесата може да го засилите доколку додадете и мала лажичка сечкан лук.

ЧАЈ ЗА НАСТИНКИ И ГРИП

Потребни состојки: 1 супена лажица рендан рен и 250 мл врела вода

Постапка: ренот изрендајте го или ситно исечкајте го. Една лажица рен прелијте со чаша врела вода и оставете поклопено 5 минути. Пијте по 3-4 шолји чај дневно.

Ренот е растение кое содржи гликозиди, калиум, сулфур и многу витамин Ц. Благодарение на овие својства, може да се користи не само како зачин во многу јадења, туку и за медицински цели.

Сигурно сте слушнале дека во буре за кисела зелка се става и малку рен за да ја сочува зелката од расипување, бидејќи не дозволува да се развијат габички и бактерии.

Рен против настинка и грип (како делува)

За да спречите развој на настинка, консумирајте 50 г рендан рен, конзервиран или свежа, секојдневно. Ова е ефикасен третман кој не се препорачува за оние кои имаат желудечни или бубрежни заболувања.

Измешајте рендан рен со мед (односот е 1 лажица рен и 3 лажици мед) и користете го при кашлица или симптоми на астма, но само кога телесната температура не е покачена над 38 степени.

Медот ја омекнува острината на ренот и придонесува за брзо уништување на патогените микроорганизми. Доволно е да се земе една мала лажичка од оваа мешавина 5 пати на ден.

Ако сакате да го подобрите дејството на овој лек, додајте малку рендан кромид или лук и 5 лажици вода, а потоа измешајте и користете го како лек. НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.