Откога го направив овој рецепт, заборавивме на сите пици, фурнаринки и други печива. На вкус е многу добро, а се прави едноставно. Релативно брзо се подготвува, тестото веднаш се замесува, а потоа се чека да стаса некое време и се става на печење.
![]()
![]()
![]()
![]()
Почнав речиси секој ден да го подготвувам бидејќи се јаде за 5 минути. Само ова ми баpаат дома, за друго немаат желба. Од неколку состојки ќе го направите, ова е нешто помеѓу пита и пица. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 голема лажица шеќер (20 г), 1 мала лажица инстант квасец (5 г), 1 јајце, 200 мл топло млеко, 4 големи лажици масло (25 мл), 360 г бело сенаменско брашно, 1 мала лажица сол. ЗА ФИЛОТ: 150 г чедар кашкавал или некој друг по ваш избор, 150 г фета сирење, 1 црвена и 1 зелена пиперка, сусам и 1 жолчка за премачкување на тестото.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во еден сад ставете го топлото млеко (не зовриено), па во него додајте го шеќерот, солта, јајцето и маслото. Малку промешајте со жица/маталка или шпатула, па додајте го инстант квасецот и повторно соединете ги состојките.

![]()
![]()
![]()
![]()
За квасецот побрзо да се активира, најдобро би било 1 час пред подготовка на тестото да го извадите јајцето и млекото да отстојат на собна температура. На крајот се додава брашното и се замесува фино и меко тесто. Резервирајте си уште малку брашно за наросување за подоцна кога ќе го развлекувате тестото.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога ќе го замесите тестото, тоа може малку да биде лепливо. Оставете го во садот каде што првично ги мешавте состојките, покријте го со пластичен капак или крпа и оставете да кисне некои 40 минути додека да се удвои неговиот волумен.




За тоа време подгответе го филот: Изрендајте го чедар кашкавалот, па во него додајте го фета сирењето. Може да користите било какво сирење и кашкавал, сè додека вам ви се допаѓаат на вкус. Ако е потребно додајте сол во нив.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа во млечниот фил додајте 2 ситно исечкани пиперки, една црвена и една зелена и соединете. Од филот издвојте малку настрана, тоа ќе ви биде потребно за наросување врз тестото. Од преостанатиот дел направете цврта топка која нема да се распаѓа.

![]()
![]()
![]()
![]()
По изминатото време, тестото развлечете го со раце во круг, не ви е потребна оклагија. По потреба додавајте брашно за да не ви се лепи на рацете. Кога ќе го развлечете на средина ставете ја сирната топка и затворете ја со страните на тестото.

Потоа повторно спласнете со рацете и развлечете го тестото на истиот начин како и претходно што направивте. Кружното тесто премачкајте го разматена жолчка и наросете го со сирењето кое претходно го тргнавте настрана.

По желба наросете и со други семки како сусам… Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Готово е за некои 25 минути, но повремено проверувајте го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
































