За да успее зеленчукот во градината потребно е да се вложи голем труд. Меѓутоа, понекогаш ќе направиме се’ што е во наша моќ, а сепак трудот на крај нема да ни се исплати, а билките нема да го дадат посакуваниот род.
Меѓутоа, сега една читателка одлучи да ја открие својата тајна како да имате родна градина без употреба на хемикалии. Нејзините билки раѓаат трипати повеќе, а тајната е само во една состојка.
Се’ што ви е потребно е епсом сол (горчлива сол, се купува во аптека).
Измешајте малку вода со горчлива сол во шише со распрскувач, а потоа испрскајте ги своите билки. Освен што смесата ја храни билката, ќе спречи сушење, а ќе ги избрка и паразитите.
Горчливата сол стана многу популарна и ценет додаток во органското градинарство, па доколку сакате поздрави и “поживи” растенија, еве ви одличен предлог.
Магнезиум сулфатот е многу ефективен и нежен истовремено кога станува збор за нега на растенијата, не е скап, а можете да го користите во градината и во саксиите. Горчливата сол е одлична за побујна трева, за набрекнати и расцветани ружи, но и за поздрав зеленчук.
Како делува?
Едноставно го подобрува ѓубрењето и ја збогатува почвата, им дава виталност на растенијата, без разлика дали станува збор за собно цвеќе, тревници, дрва или земјоделски култури.
Магнезиумот и сулфатите се клучни за здрав живот на билките, па затоа и не треба да не чусди што е толку добра за нив. За разлика од другите ѓубрива, горката сол не се таложи во земјата со текот на времето, па затоа е многу сигурна за употреба.
Како се користи?
За цвеќе во саксија потребно е да растворите 2 лажици горчлива сол во 3800 мл вода, па со оваа смеса да се полева билката наместо со вода, барем еднаш месечно. Секако, можете и почесто.
За да може билката да ја искористи горчливата сол, најдобро би било таа да се стави на сончево место, но да се внимава сепак да не се претера во најголемите жештини.
За градинарски култури земете една шолја горчлива сол, па истурете ја на секои 10-тина квадратни метри земјиште, и измешајте ја со почвата. Вака семето побрзо ќе ‘рти и билката ќе го започне својот живот многу поздрава и појака.
Солта можете да ја користите и за зеленчук и за овошје и за зачински билки. Наполнете рачна прскалка со една лажица горчлива сол на 3800 мл вода. Со оваа смеса прскајте ја почвата после сеењето, после никнувањето и во текот на растот.
Доматите подобро ќе успеваат доколку уште при садењето во дупката кај коренот им ставите две лажици горчлива сол. Во текот на развојот слободно можете да ги прскате билките со веќе споменатиот раствор.
Истото можете да го правите и со пиперките, само што уште двапати седмично треба да го прскате земјиштето со овој раствор – пиперките ќе бидат многу поголеми.
И вашето цвеќе ќе реагира многу позитивно на горчливата сол. На истиот начин третирајте ги и вашите цветни љубимци.
Тревникот за да биде погуст и да има поубава зелена боја, прскајте го со раствор од вода и горчлива сол, а стеблата на овошните дрва исто така можете да ги третирате.
Две лажици горчлива сол на 1 метар квадратен ставајте во земјата околу стеблата, три или четири пати годишно.