Ако досега сте го избегнувале јунешкото месо од причина што ви излегува жилаво или ви одзема многу време, поради долгиот процес на готвење, нема да се покаете ако му дадете уште една шанса и го употребите следниот рецепт. Нејќам да ви се фалам ама ова се најдобрите јунешки шницли кои досега сум ги пробала.




И јас не го сакав порано премногу, токму поради погоре наведените причини, но сега речиси секој викенд е на нашето мени за ручек и домашните просто го обожаваат. Одберете убаво јунешко парче исчистено од жилички.

Во месарницата нека ви го исечат на тенки шницли. Дома исечете ги парчињата на соодветна големина, истенчете ги со чекан и под остар агол густо избоцкајте ги со врвот од ножот за да бидат уште поровки. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: јунешки шницли, сол, црн пипер, рузмарин, масло, 1-2 главици кромид, 1-2 чешниња лук, 1 мала лажичка црвена зачинска мелена пиперка, 1 морков, 1 домат, 1 пиперка, 1 супена лажица брашно, вода.




ПОСТАПКА: Подготвените шницли посолете ги и запиперете ги по вкус, од двете страни, па пpoтријте со пpcтите за да навлезат зачините во месото. Уште малку потчyкнете ги со меcaрскиот чекан. По желба ставете и лук во гранули, ќе се подобри вкусот двојно.




Зачинетите парчиња наредете ги во плитка чинија, па одозгора наросете ги со малку масло и премачкајте ги со кујнска четка, од двете страни. Одозгора наросете ситно сечкан рузмарин. Вака маринираното месо оставете го да одлежи во фрижидер најмалку неколку часа, до употребата.




Шницлите може да ги подготвите и од претходната вечер и така ќе има доволно време да се маринираат и да попримат од сѐ што сте ставиле на нив. Кромидот исчистете го и исечкајте го на ситни коцки, па ставете го во тава со загреано масло и пропржете го околу две минути додека да омекне и застакли.




Потоа врз кромидот наредете ги шницлите. За да ги собере сите шницли, најдобро е да користите поширока тава. Поклопете ги со капак и оставете го месото да се динста врз кромидот, на умерена температура, околу 5 минути. Потоа превртете ги парчињата од другата страна и додајте 1-2 ситно исечкани чешниња лук.




Месото само ќе си отпушти течност, па продолжете да ги динстате и уште еднаш превртете го. Додајте една мала лажичка црвена зачинска мелена пиперка, а доколку е потребно долејте малку вода, околу 10-20-тина мл, колку да не е суво дното.

Месото не смее да се вари во вода, туку во сопствените сокови да се динста на умерена температура. Зелечнукот ситно исечкајте го на коцкички, па додајте го во месото. Со помош на лажицата распоредете рамномерно, а потоа повторно превртете ги шницлите.

Поклопете и динстајте уште 15-тина минути. Потоа превртете ги и налејте 200 мл вода. Поклопете и динстајте повторно 15 минути. По изминатото време превртете ги шницлите и налејте нови 200 мл вода. Ова е второто долевање. Поклопете и повторно динстајте следните 15 минути.

Потоа внимателно со штипалка извадете ги шницлите месо, а целата содржина што ќе остане изблендирајте ја со рачен блендер. Вратете го месото и налејте 400 мл вода. После третото налевање вода, динстајте уште 20-тина минути под капак.

Пред крајот направете „жива“ запршка од една лажица вода и малку вода, колку да се промеша брашното за да нема грутчиња, па додајте во шницлите. Посолете и зачинете по вкус. Промешајте и динстајте уште 10 минути под капак. Потоа шницлите можете да ги послужите и да ги прелиете со вкусниот сос во кој се готвеа.