Недостигот на магнезиум може да предизвикува:
-мачнина
-повраќање
-тромост
-слабост на мускулите, и во крајни случаи,
-големо намалување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок, плитко дишење, губење на рефлексите, кома, па дури и смрт.
Магнезиумот е еден од минералите кој е неопходен за многубојни физиолошки процеси во човековиот организам. И покрај тоа, се’ уште не му се придава доволно значај на овој минерал, и исто така, ретко се сомнева на негов недостиг кога постои проблем со здравјето.
Симптомите кои укажуваат на недоволен внес на магнезиум можат да бидат:
-грчеви во мускулите,
-грчеви на мимичната мускулатура на лицето,
-несоница,
-анксиозност,
-хронични болки од нејасно потекло.
Како да бидете сигурни дека сте внеле доволно магнезиум?
Според студиите кои се направени со цел за да се процени просечниот дневен внес на магнезиумот кај широката популација, постои голема можност и без лабораториска потврда да заклучиме дека не внесуваме доволно магнезиум.
Одговорете на следните прашања, па ќе ви стане многу полесно да ги препознаете знаците и да откриете дали на вашиот организам му е потребна дополнителна количина магнезиум.
1.Дали консумирате газирани пијалаци?
Можеби прашањево ќе ви звучи чудно, бидејќи многумина пијат газирани напитоци. Но, прочитајте што всушност предизвикуваат тие:
Повеќето темно обоени газирани пијалаци содржат фосфати. Овие соединенија во цревата се врзуваат за магнезиумот и ја оневозможуваат неговата апсорпција. Па затоа, иако сметате дека вашата исхрана е избалансирана, со пиењето на газирани пијалаци заедно со оброк, најголемиот дел од внесениот магнезиум преку храната, минува низ дигестивниот тракт неискористен.
Просечната потрошувачка на газираните пијалаци драстично е зголемена во последниве 50 години, што има голем удел во намалувањето на расположивиот магнезиум (и калциум) во организмот.
2.Дали секој ден јадете слатки, бонбони, торти?
-Рафинираниот шеќер не само што не содржи магнезиум, туку, предизвикува и засилено исфрлање на овој минерал кога минува низ филтрацијата во бубрезите.
3.Дали постојано сте изложени на стрес или набрзо сте имале некој оперативен зафат?
Стресот може да предизвика недостиг на магнезиум во организмот, а самиот дефицит има влијание врз зголемувањето на стресот со што се влошува проблемот. Едното со другото се поврзани, а едното го зголемува другото.
На организмот кој е изложен на стрес, без разлика дали е психолошки или физички, му е потребно повеќе магнезиум. Намалената вредност може да се појави и како последица на физичко оштетување како што е поголема изгореница, поголем хируршки зафат, разни хронични болести.
4.Дали секојдневно пиете кафе, чај или други напитоци кои содржат кофеин?
Концентрацијата на магнезиумот во организмот во голема мера е под контрола на бубрезите во кои се филтрира и елиминира преку создадената урина, секој вишок од овој и другите минерали.
Но, што прави кофеинот?
Кофеинот предизвикува зголемена филтрација независно од концентрацијата на магнезиум во крвта, што може да доведе до дефицит.
5.Дали користите диуретици, лекови за срце, лекови за астма, контрацептивни пилули или хормонска (естроген) терапија?
Се покажало дека и употребата на некои лекови може да ја намали количината на магнезиумот во организмот преку зголемена екскреција преку урината.
6.Дали пиете повеќе од седум алкохолни пијалаци седмично?
Ефектот на алкохолот на ниво на магнезиум е сличен на диретиците: тој ја намалува достапноста на магнезиумот до клетките преку зголемено елиминирање преку бубрезите. Во некои студии, клиничкиот недостиг на магнезиум е пронајден кај повеќе од третина алкохоличари.
Зголемениот внес на алкохол го оштетува дигестивниот систем и предизвикува недостиг на витаминот Д кој е значаен за апсорпција на магнезиумот од храната.
7.Дали користите суплементи на калциум без магнезиум, или калциумови суплементи со магнезиум но во однос помал од 1:1?
Студиите покажаа дека ако постои недоволен внес на магнезиум, со консумирање на калциум како суплемент може дополнително да се намали апсорпцијата. Од друга страна, магнезиумот како суплемент поволно влијае и врз искористувањето на калциумот во организмот.
Идеален однос на магнезиумот и калциумот е варијабилен во однос на различни состојби, но одреден број истражувачи го поддржуваат мислењето дека односот 1:1 го подобрува квалитетот на коските и го редуцира ризикот од појава на болести.
8.ДАЛИ ЧУВСТВУВАТЕ НЕКОИ ОД СЛЕДНИВЕ СИМПТОМИ:
-анксиозност
-период на хиперактивност
-потешкотии со заспивање
-површен и краток сон?
Набројаните симптоми можат да бидат невролошки последици поради недостиг на магнезиум. Магнезиумот е неопходен за нормална нервна проводливост и електронски баланс во нервниот систем. Нискиот магнезиум е поврзан и со промените на личноста а некогаш и со депресија.
9.ДАЛИ ЧУВСТВУВАТЕ НЕШТО ОД НАВЕДЕНОТО:
-Болни спазми на мускулите?
-грчеви во мускулите?
-болки во мускулите?
-неволни грчења на мимичните мускули од лицето?
-“играње” на окото или неволни движења на очните јаболка?
Невромускулните симптоми како што се овие, може да бидат последица од дефицит на магнезиум. Присуството на магнезиум е неопходно за да дојде до релаксирање на мускулите. Според тоа, дефицитот на истиот доведува до спазми.
10.Дали на повеќето претходни прашања одговоривте со да, и имате повеќе од 55 години?
Повозрасните лица се особено подложни на ниски вредности на магнезиум. Покажано е дека стреењето, стресот и болестите – заедно придонесуваат за зголемени потреби од магнезиум, а покрај тоа, повеќето постари лица внесуваат многу помалку магнезиум отколку во младоста.
Самиот метаболизам на магнезиумот ослабува кај старата популација поради промените во дигестивниот тракт и бубрезите, при што се намалува апсорпцијата и реапсорпцијата на магнезиумот.