Овој колач го направив непланирано, додека зборував на телефон беше готов, но исклучително убав, вкусен и едноставно неодолив. Се прави од неколку состојки и е многу кремаст, воздушест.

Кога го ставив првото парче во уста почувствував совршена експлозија од кремаст вкус.

Потребни состојки за бисквит: 6 белки, 6 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 14 лажици кокосово брашно.

За прелив од вишни: 680 г вишни (или 1 тегла), 1 кесичка пудинг од ванила, 3 лажици шеќер.

За крем: 2 кесички пудинг од ванила, 4 лажици шеќер, 750 мл млеко, 500 мл шлаг. За чоколадна глазура: 100 г чоколадо за готвење, 50 г путер (или маргарин).

Постапка: За бисквитот убаво се матат белките, па се додава шеќерот, па постепено на најниска брзина на миксерот брашното и кокосот. Внимателно прелијте на подмачкан и набрашнет плех и печете 15-20 минути на 180 степени.

За преливот: Исцедете тегла вишни и во сокот сварете го со пудингот и шеќерот. Потоа додајте ги вишните, оставете да зоврие, тргнете го од оган и прелијте го изладениот бисквит.

Исто така можете и малку да го избоцкате бисквитот со чепкалка за подобро да се впие преливот.

За крем: сварете пудинг од ванила (+ шеќер), изладете, па изматете го малку со миксер со претходно направениот шлаг да се разреди и премачкајте го врз оладениот колач.

Растопете ги чоколадото и путерот (маргаринот) полека на тивок оган и премачкајте ја тортата, изладете ја, исечете ја и уживајте во магијата на светлината и освежителниот вкус.

Тортата ја направив непланирано, а првичната идеја за кремот беше да се варат жолчките на пареа, да се свари 1 пудинг и потоа се заедно да се измеша со шлаг.

Но, поради недостаток на време ги оставив жолчките на страна и сè правев само со пудинг (жолчките се користеа за премачкување солени кифлички).

Коментар на Ивана: ,,Предобар колач, совршена комбинација на состојки, морам да кажам дека колачот исчезна со брзина на светлината, фала за совршениот рецепт.”

Koментар на Андреја: ,,Колачот е одличен! Сите што го пробаа, го пофалија. Јас го направив во плех 25х40, бидејќи ако се печеше во поголем плех, ќе ми беше прениска кората.

Исто така ставив повеќе вишни отколку што е напишано во рецептот (имав замрзнато). Препорачувам!” / Сoolinarka.сom