Не знаев за овој лесен метод! Кој пробал побарал уште…Ова е најлесниот рецепт за слоевити печива од 100 листа! Од наведените состојки замесете тесто, а после тоа сè е толку многу лесно, само следете чекор по чекор и ќе ги направите најмеките и најслоевитите печива. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша топло млеко, 1 чаша топла вода, 1 кесичка сув квасец, 1 чаша масло, 2 лажички шеќер, 2 белки, 2 супени лажици цврст јогурт или кисела павлака, 1 лажичка сол, 6.5 чаши брашно, 150 г путер за премачкување на тестото, 2 жолчки + 1 лажица млеко за премачкување на печивата. Рендан кашкавал за фил (или по избор).
ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги млаките вода и млеко, додајте го квасецот, шеќерот, маслото, павлаката и белките, па добро промешајте. Сите состојки треба да бидат топли/млаки или на собна температура.
Потоа започнете постепено да го додавате брашното и сол, а кога ќе се формира компактно тесто, месењето продолжете го рачно. Треба да добиете средно меко тесто кое не се лепи за рака.
Оставете го во сад покриено со стреч фолија и крпа да ферментира на топло место приближно еден час или колку што е потребно за убаво да го удвои волуменот. потоа премесете го и поделете го на два дела.
Обликувајте топки, покријте ги со стреч фолија и крпи, па оставете да одморат 15-тина минути. Потоа, земете едно од тестата и на малку набрашнета површина развлечете го во голема кора со правоаголна форма.
Преку цела површина премачкајте ја со омекнат путер (75 г), па започнете со диплење како книга. Прво преклопете од едната страна до средина на кората, па од другата страна за да добиете долг правоаголник, и на истиот начин продолжете додека да добиете квадрат.
Ставете го чинија и покријте го со стреч фолија, па оставете го во фрижидер да се стегне 15-тина минути додека го сработите и второто тесто. Потоа, повторно на малку набрашнета површина, развлечете го првиот квадат во голема правоаглеста кора.
Преку цела површина наросете рендан кашкавал и од двата краја свиткајте ролати до средината на кората. Исечете ја за да се разделат, а потоа со штипкање на тестото добро затворете ги.
Ролатите поставете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат на топло 20-тина минути или додека малку да го зголемат волуменот. За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Потоа исечете ги ролатите цик-цак на триаголници (ист како „купус“ кифлите) и малку разделете ги една од друга за да се пополни целиот плех. Во текот на печењето тие дополнително малку ќе пораснат.
Одозгора премачкјате ги со изматени две жолчки во кој сте додале малку млеко и наросете ги со сусам, ким, ленено семе или нешто по ваш избор. Печете ги во загреана рерна додека убаво да заруменат.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Сусам кифлички многу вкусни – едноставна и брза подготвка, сите ги сакаат“ – ОВДЕ.
Сусам кифлички многу вкусни – едноставна и брза подготвка, сите ги сакаат