Природните лекови постојат уште од дамнешни времиња за лекување или превенирање на одредени болести. Комбинацијата на одредени лековити билки делува зајакнувачки за имунитетот, а особено нашите баби подготвувале природни лекови за лекување на најмали до cepиозни болести, покрај конвенционалната медицина. Во продолжение може да го прочитате рецептот на мојата баба која овој лек особено го фали.




Таа ми велеше дека се прави од неколку вообичаени, но многу лековити состојки кои кога ќе се спојат делуваат многу моќно против многу болести. „Не сум се разболела повеќе од 35 години, чисто гледам и најважно од сѐ, притисокот ми е нормален, благодарение на овој лек“, често вели баба ми и ми рече да си го подготвувам и да го пијам редовно.




Главна состојка е ѓумбирот кој е еден од најмоќните намирници и кој поседува антибактериски, антигабични и антикоагулантни својства, па поради тоа се користи како превенција од грип и настинка. Исто така, се користи и кај алергија, а има и антивоспалителни својства. Меѓутоа, кога лимонот ќе се искомбинира со ѓумбир, доаѓа до повеќекратно зголемување на неговите својства како природен лек.




Употребата на ѓумбирот е голема. Се користи превентивно и за лекување на многу болести. Ѓумбирот многу често се комбинира со други состојки за подобрување на неговото лековито дејство, а најчесто при подготовка на лекови се комбинира со слаткарче, куркума, ловоров лист, цимет, а посебно се потенцира комбинацијата на ѓумбир и каранфилче.




Следните два препарати многу помагаат кај настинка и грип кои се многу чести во овој период од годината. Доволно е да конcyмирате мала количина од овие природни лекови за да ги почувствувате благодетите кои се непроценливи. Направете си ги овие мешавини кои покрај тоа што ќе ви го зајакнат имунитетот, исто така се и многу вкусни. Еве што ви е потребно за да го подготвите првиот рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 50 г корен од ѓумбир, 1 портокал, 1 лажичка куркума во прав, 1 лимон, 200 мк вода (1 чаша). ПОСТАПКА: Коренот од ѓумбир излупете го и исечкајте го на поситни парчиња, на коцки. Ставете го во блендер, па потоа исцедете го сокот од портокалот, па од лимонот и додајте ги во блендерот со ѓумбирот.




Додајте една лажичка куркума во прав, па прелијте со една чаша вода. Затворете го блендерот и изблендирајте ги состојките додека да се формира еднолична смеса без поголеми остатоци од ѓумбирот. Ѓумбирот треба да биде целосно изблендиран во смесата. Вака подготвената смеса процедете ја и складирајте ја во чиста тегла или шише со капаче и чувајте ја во фрижидер. Во продолжение прочитајте го начинот на конcyмирање.




Консумирање: Наутро, на празен стомак се пие по 1 голема голтка која може да ја дозирате во ракиена чашка. Сокот се чува во фрижидер и има рок на траење до 2 седмици. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г мед (користев ливадски) и тегла од 700-800 мл (не помала), 2 средни или 1 голем корен од ѓумбир, сок од 1 лимон или цел лимон исечен на парчиња, 3-4 чешниња (или 1 мала главица) лук.




Изрендајте го ѓумбирот, исцедете го сокот од лимон или пресечете го на парчиња, ситно исечкајте го лукот. Ставете го сето ова во тегла со мед, но не ја преполнувајте (треба да биде наполнета малку повеќе од половина), бидејќи лимонот и ѓумбирот ќе ослободат сок. Дури тогаш дополнете ја теглата со мед.




Ако сте б олни, јадете по 3 лажици на ден. Поради превенција и зајакнување на имунитетот, доволно е 1-2 лажици на ден. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ.