НЕ СУМ ЈАДЕЛА ШЕЌЕР ЦЕЛА ГОДИНА: Супер енергетски десерт без шеќер кој треба да го пробате, сигурно ќе ви се допадне! Не содржи бел шеќер, а слаткоста ја добива од овошјето.

Ако сакате да се храните здраво, овој десерт е токму за вас, бидејќи содржи одлична комбинација од јаглехидрати, белковини, протеини и влакна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

60 г суви брусница
80 г суви кајсии
50 г суво грозје
40 г сливи
100 мл вода помешајте со
20 г желатин и оставете да желира (агар-агар за посна верзија)
50 г ореви тостирани
50 г кикирики тостирани
50 г семки од тиква
350 г урда
80 г цврст јогурт/кисела павлака

ПОСТАПКА:

Оставете го сувото овошје во ладна вода 15 до 20 минути. Ова е неопходно за да се хидрира овошјето и да се активираат корисните материи. Потоа процедете, наредете го на хартиена салветка да се исуши, па ситно исечкајте го.

Желатинот растворете го во водата и оставете го набубри, а потоа растопете го на пареа или во микробранова печка.

Кикириките и оревите кратко истостирајте ги во сува тава, колку да замирисаат убаво. Оставете ги да се оладат.

Урдата и јогуртот/павлаката соединете ги со рачен блендер за да добиете еднолична кремаста смеса. Додајте го растопениот желатин и изматете.

Додајте ги сечканите ореви, кикирики и семки од тиква, а потоа додајте го и сечканото суво овошје. Добро промешајте со лажица додека да се изедначи смесата.

Исечете го врвот од некој тетрапак, па лажица по лажица исполнете го калапот. Покријте со фолија и оставете да отстои 2 часа во фрижидер.

По изминатото време отсечете го тетрапакот и отстранете го, па десертот можете да го послужите. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.