Потребни состојки:
250 г стар леб
80 г путер или масло
1 главица кромид
60 г брашно
250 мл млеко
2 јајца
1 мала лажичка сол
1 голема лажица сечкан магдонос
Постапка:
Кромидот пропржете го на масло, а потоа додадете ги сите состојки па добро замесете со рака сето тоа убаво да се поврзе.
Од добиената смеса правете топчиња така што ќе ги навлажните дланките со вода (полесно се прават).
Во тенџере со зовриена вода ставајте ги кнедлите и гответе ги 15 минути.
Се послужуваат со гулаш или со месо.