Како пушењето влијае врз исхраната на пушачите? Општото верување е всушност, заблуда…

„Колку ќе се здебелам ако престанам да пушам “ – е прашањето кое го прогонува секој пушач и често е изговор да не се откажеме од цигарите.

Верувањето дека никотинот го убива апетитот всушност е обична заблуда, а пушачите имаат далеку полоша исхрана од бившите пушачи и непушачи.

Новото истражување открива дека пушачите, всушност, во просек дневно внеесуваат 200 калории повеќе! Јадат помалку овошје и зеленчук, а повеќе калорична храна. Покрај опасниот никотин и ваквата исхрана значително се зголемува ризикот од појава на карцином и срцеви заболувања.

Точно е сепак, дека калориите поспоро согоруваат кога ќе престанете да пушите, па потребно е само тоа да го надокнадите со физичка активност.

Ако навистина сакате да ги оставите цигарите, постојат ДВЕ ВЕЖБИ со чија помош многу полесно ќе започнете здраво да живеете

Овие вежби се инспирирани од јогата, односно од техниките за дишење кои се користат во оваа дисциплина. Станува збор за длабоко вдишување и издишување – од стомак, со чија помош се развиваат и тренираат дишните патишта, а тоа значи дека можете да ги исчистите од отровите кои со текот на времето се наталожиле.

За изведување на овие вежби не ви се потребни никакви посебни помагала, ниту некоја посебна подготовка. Вежбите се многу лесни, а најдобро е да ги повторувате наутро и во текот на денот и во моменти кога почувствувате голема желба за никотин. Веднаш ќе забележите дека желбата за цигари ќе исчезне.

ПРВА ВЕЖБА

Секојпат кога ќе посакате да запалите цигара, пробајте да го напуштите затворениот простор и некое време на поминете на отворено, на воздух. Стојте исправено и потрудете се да го опуштите секој дел од телото. Потоа длабоко земете воздух и задржете го здивот неколку секунди. Потоа постепено издишете, а на крајот од самото издишување повторно задржете го здивот неколку секунди. Вежбата повторете ја десет пати.

Напомена: Во почетокот може да ви се случи, после неколку повторувања на вежбата да почувствувате благфа вртоглавица. Но, не грижете се, ова се случува бидејќи доаѓа до заситување на мозкот со кислород.

ВТОРА ВЕЖБА

Во моментите кога имате голема желба да запалите цигара, потребно е споро да вдишувате низ нос, а потоа малку побрзо да издишете. На почетокот од практикувањето, вежбата правете ја полека, а подоцна забрзајте го темпото. Вежбата се состои од 30 вдишувања и издишувања, потоа следува минута одмор, а бројот на повторувања е пет.