Рецепт: Марија Марија

Рецептот е од нашата читателка Марија која несебично го сподели за читателите на НМД.мк.

Имам еден лек за реума и шилци. На доктор не сум била откога го користам. Рецептот ми го даде пријател на сопругот, а лекот навистина многу е ефикасен. Служи само за надворешна употреба!

Напомена: Не се пие! Туку надворешно се мачка или се става како облога.

Потребни состојки:

1 литар домашна ракија, посилна, околу 50 степени
3-4 гранчиња рузмарин (20-30 см должина)
10 апчиња аналгин
10 апчиња ацетисал
5 грама ментол кристали (од аптека)

Постапка:

Во едно пластично шише се става домашна ракија (околу 50 степени, посилна да биде). Во неа се става исечканиот рузмарин или ако сакате, може и цели гранчиња.

Потоа се додаваат 10 издробени апчиња аналгин и уште 10 ацетисал. На крај се додава 5 грама кристали купени од аптека. Во кутивчето се 10 грама, а вам за оваа доза ви се потребни 5 грама, значи половина кутивче.

Шишето се става на прозор да отстои 30-40 дена, а секојдневно мора да се протресува за убаво да се растворат состојките. Потоа може да се користи само надворешно.

Се мачкаат раце, нозе, грб и сите болни зглобови или места каде што се формирале шилци.

После мачкањето мора добро да се облечете за да се загрее телото, а ова најдобро е да се направи пред спиење, кога телото природно се одмора и закрепнува.

Болното место може да се завитка со компресивни завои, волнен шал и слично.

Пред две години за првпат почувствував многу силни болки во нозете и не можев да одам.

После десет дена мачкање со овој лек, СЕ ДИГНАВ.

Коментар на Тодорка Петковска:

“Јас го користа долги години, но мојот рецепт е малку поинаков: На 500 мл ракија се ставаат 5 апчиња андол и цело кутивче ментол кристали од 10 г. Го користам за секаква настинка и кога некој има температура го масирам со неа. При затнат нос ставам на салветка под носот за веднаш, по една секунда вдишување носот се одзатнува. Така што овој лек се користи за секаква настинка и болки во вратните прешлени.”

Рецепт: Марија Марија