Калинката е омилено зимско овошје. Особени се цени како исклучително овошје кое благопријатно делува на целокупното човеково здравје, особено затоа што неговите ситни црвени зрнца изобилуваат со витамин Ц, но и други витамини и минерали. Меѓутоа, малкумина знаат за лековитоста на нејзината кора, а која најчесто се фрла…
Кората со векови се користела во Русија, но и други земји, како драгоцена состојка во домашната аптека. ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ СОЧУВА КОРАТА ОД КАЛИНКА? Затоа што таа е потполно природно средтсво кое може да отстрани различни стомачни инфекции и паразити, а решава и различни стомачни пореметувања.
ШТО ЛЕКУВА КОРАТА ОД КАЛИНКА? Кората од калинка има високо ниво на антиоксиданти. Перикарпот, односно надворешниот слој од кората на калинката содржи фенолен пуникалагин, гална киселина и други масни киселини, потоа катехин, кверцетин, рутин и уште некои флавоноиди и антоцијани.
Во денешното, модерно време кората се смета за нејадлива и главно се фрла. Меѓутоа, за единствените својства на кората од калинката знаел Хипократ уште пред 2500 години и успешно ја применувал за лекување на дизентерија.
Оние кои знаат за лековитите својства го користат чајот приготвен од кора од калинка и го применуваат кај лекување на дијареа и цревни паразити. Покрај тоа, претставува и одлично средство за јакнење на имунитетот и против исцрпеност на организмот.
Кората од калинка содржи антибиотски својства. Рускиот исцелител Глубоки вели дека кората од калинка е универзален билен препарат во светот кој ефикасно ги инхибира сите патогени бактерии во целиот гастроинтестинален тракт кај човекот, независно од сојот и мутацијата.
Во декември 1999 година во руското списание „Руски весник“ беше објавена статија со наслов „Заборавениот Хипократ и лекување со билки“, од рускиот билкар Г.И.Глубоки, каде беше напишан рецептот за патентирано средство за лекување на дизентерија, дијареа, колера, воспаление на слепо црево, салмонелоза. Споменатиот лек всушност се состоел од чај приготвен од сува кора на калинка.
Тој предлага употреба на чај од кора од калинка за лекување и на чир на желудник, чир на тенко црево и колитис. На патентирањето на лекот во 1996 година му претходела задолжителна проверка во медицинска установа и неговата способност за инхибирање на патогените бактерии, пишува НМД.мк
ПОДГОТОВКА НА КОРАТА ОД КАЛИНКА: Измиените плодови од калинка отворете ги и извадете ги семките кои ќе ги изедете, но овојпат кората не ја фрлајте, туку сочувајте ја. Исечете ја на помали парчиња и ставете ја на некое соодветно место да се исуши. Потребни се само неколку дена и кората стврдне и ќе се исуши.
Сувата кора чувајте ја затворена во некоја стаклена тегла и користете ја по потреба. ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ЧАЈ ОД КОРА ОД КАЛИНКА: Односот на кората и зовриената вода е 1: 20. Многу е важно да се придржувате на овој однос, за да не се јават контраиндикации во вид на вртоглавици, мачнина и главоболка.
Во чаша или шолја ставете 10-12 грама сува кора од калинка и прелијте со 200 мл зовриена вода. Поклопете со чинија или тацна и оставете да отстои 25-30 минути. Потоа пијте го чајот. Кората не ја фрлајте, а чајот не го процедувајте. Овој чај треба постојано да стои покрај болниот. Подготовката на чајот кај сите наведени болести е иста, но се разликува во дозирањето и налинот на употреба, од болест, до болест.
Чајот од кора од калинка може да се користи при б олки во грло, афти, гингивитис, лош здив и проблеми со забите, а за таа намена се прави плакнење на слузокожата од грлото и устата, пишува НМД.мк