Задржете ги и не ги фрлајте!
Многупати сме пишувале, а веројатно сте читале и на други портали дека работите што не се користат или се расипале треба да се фрлат првенствено за да не зафаќаат простор во домот, а според некои верувања – тие мора да се фрлат за да се привлече благосостојба во домот.
Меѓутоа, постојат и такви предмети кои зрачат со добра енергија и кои секогаш мора да ги чувате во вашиот дом за да имате добра среќа.
Ова се топ 6 работи кои никогаш не смеете да ги исфрлите од дома:
1.ЛЕБ
лебот во многу култури, па и кај нас, се смета за света храна. Симболизира среќа и благосостојба, па затоа е забрането да се фрла. Подобро исушете го, па трошките разделете им ги на птиците или наранете улични мачки и кучиња, отколку да го фрлате во ѓубре.
2.СОЛ
Солта се третира исто како лебот. Покрај тоа, не се советува да позајмувате сол никому, бидејќи солта со своите кристали многу брзо впива и се спојува со вашата енергија, па доколку ја дадете некому – на тој начин ја благосостојбата излегува од домот и преминува во друга куќа.
3.ОТСЕЧЕНИ НОКТИ И КОСА
Косата и ноктите според старите верувања и според црната магија се најпогодни за предизвикување на лоша енергија и лоши настани. Затоа, секогаш кога ги сечете ноктите или се потсечувате косата (како и влакната од вашиот чешел), завиткувајте ги во хартиено марамче и фрлајте ги во канта за отпадоци. Не смеете да ги расфрлате било каде низ домот или околу него.
4.ФОТОГРАФИИ
Може да ги уништувате само оние фотографии кои ги прикажуваат вашите непријатели и под услов да не сте со нив на фотографиите. Во спротивно ризикувате да привлечете болест и други проблеми. Доколку навистина не можете да поднесете да имате фотографии од некое лице кое го сметате за непријател, а вие сте на истите фотографии, пред да ги уништите исечете се од фотографијата.
5.РАЧЕН ЧАСОВНИК
Часовникот е енргетски поврзан со сопственикот и може сериозно да му наштети на лицето чиј часовник ќе го уништите. Може да ги фрлите само оние часовници кои не можат да се поправат.
6.ПАРИЧНИК
паричникот е финансиски талисман, па дури и ако е безвреден, немојте да го фрлате. Кога ќе купите нов паричник, чувајте го некаде дома, на сигурно, а потоа од него постепено префрлајте ги парите во новиот паричник. На тој начин полека ќе ја прекинете врската со стариот паричник. Чувајте го дома колку можете подолго.