Многу сопственици на куќи кои имаат дворови често ги фрлаат паднатите лисја за да го исчистат дворот или пак ги п алат. Освен што со вториот метод се загадува околината, не се препорачува бидејќи сувите лисја можат многу подобро да се искористат.
Првата препорака на градинарите е да не ги отстрануваат сувите лисја од земјата затоа што: ги штити корењата на растенијата од смрзнување, после растопување на снегот, почвата станува растресита низ која минуваат воздух и вода, а коренот може лесно да се развива.
Откако снегот ќе се повлече, земјата, која не е замрзната, добро го впива стопениот снег, покрај тоа листовите не дозволуваат влагата да испари од почвата и ја спречува ерозијата. Тие се природно ѓубриво, а со гни-ење стануваат скапоцено ѓубриво кое црвите го обожаваат, а потоа го претвораат во хумус.
Ако ги оставите листовите на земја, по неколку години, почвата ќе стане темна, растресита и влажна. Ќе содржи многу хранливи материи, неопходни за развој на дрвјата. Ова природно ѓубриво содржи азот, калиум, фосфор, калциум и други корисни елементи.
Доколку на тревникот ви пречат паднатите лисја, градинарите ви предлагаат да ги соберете и да ги ставите на куп на кој можете да ставите исечоци од рози, друг отпад од градината, но и од кујната. Вака оставете ги да отстојат до пролет. Постепено листовите ќе скапуваат и ќе се претворат во прекрасен компост кој станува вистинска богата нутритивна ризница на вашата градина.
Некои градинари прават високи кревети во кои ги чуваат споменатите лисја и отпадоци од кујната (лушпи од компир, банани, јаболка и сл.), покриваат сè со слама и напролет на овој компост садат зелена салата, ротквици, кромид и други култури.
Прочитајте и следново: МОЖНО Е ДА ИМАТЕ БАЛКОН ПОЛН СО ЦВЕЌЕ И НАЕСЕН: мразот и студот не им можат ништо на овие цвеќиња. Лесно се одгледуваат, а на вистински начин ќе ви го разубави балконот и есенските денови.
Цело лето yживавме во разнобојните, прекрасни миризливи растенија, а повеќето од нив сега бараат да им се обезбеди потопло место за студените ноќи кои веќе дојдоа од минатата седмица.
Сепак, тоа не значи дека вашата тераса или градина сега треба да бидат напуште-ни и да изгледаат празно. Ви ги претставуваме попyлаpните есенски растенија кои се релативно лесни за негување, достапни се во секоја цвеќарница и цветаат преку цела есен и во потоплите денови на зимата.
Хризантеми
Градинарските хризантеми се вистинските кралици на есента. Тие растат од 30 до 50 сантиметри над земјата, благодарение на што формираат исклучително убави, симпатични и богати китки. Отпорни се на мраз, а за време на зимата доволно е да ги покриете со пилевина, компост или градинарска почва.
Обично цветаат од средината на летото до крајот на ноември. Цветовите можат да се појават во различни бои. Погодни се за плодна, малку влажна, топла почва и да бидат поставени на место кое фаќа сонце.
Калуна
Калуната е многу лесна за одгледување. Има повеќе од 500 видови. Тоа е зимзелена грмушка со ситни цветови во форма на ѕвона од различни нијанси. Тие не бараат посебна грижа и изобилно цветаат од септември до првите мразови. Тие можат да се садат од рана пролет до доцна есен. Сакаат сончеви места и лесна, добро исцедена почва.
Тробојни љубичици (Ден-ноќ)
Овој цвет е совршен избор кога се во прашање раните есенски цвеќиња. Дали знаевте дека тробојните љубичици може да преживеат дури и температури до -23 степени? Токму тоа го прави овој прекрасен цвет совршен за постудените денови и месеци што претстојат.
Астер
Виолетовата, е овогодишната есенска боја, така што можете да ја вклучите во изгледот на вашата градина или тераса, со помош на овој цвет. Засадете ги еден до друг цвет во различни бои и ќе имате убави цвеќиња во текот на целата годината, а посебно во текот на есента.
Ова повеќегодишно растение расте во мали гроздови, претежно во розова или виолетова боја, а можете да изберете од дури 170 видови цветови кои наликуваат на ѕвезди. Потребна е минимална грижа и тоа дополнително го прави идеален избор на одгледување на цветот во рана есен.
Јапонска анемона
Идеално растение за места во градината кои се речиси постојано во сенка. Тоа е повеќегодишно растение со нежни бело-жолти цветови, иако ги има и во други бои, најчесто бледо розови. Елегантните стебла на јапонската анемона можат да пораснат повеќе од еден метар, а цветаат од крајот на август до октомври.