Косата е еден од главните украси на секоја жена и вечен извор на инспирација. Но, и проблеми. За среќа, денешницата ни нуди голем избор на козметички производи за одржување на сјајот и убавината на косата, но дали некогаш сте се запрашале дали има разлика кога ја миеме косата, наутро или навечер?

Станислава Михова




Просечно косата треба да се мие на секои три дена, но ова секако варира индивидуално според типот на коса. Миењето на косата за некои е голем потфат затоа што бара многу време за стилизирање или бавно се суши поради густината, но новите истражувања велат дека не е исто дали косата ја миеме наутро или навечер.




Можеби не сте размислувале за тоа досега, но сега е вистинското време да обратите внимание на тоа како изгледа вашата коса наутро откако сте ја измиле претходната вечер. Веројатно ќе забележите дека косата е малку измрсена после спиење, без оглед на тоа што сте ја измиле пред само неколку часа. Косата не е валкана, но нема волумен и текстура, што дава изглед на безживотна коса.




Кога ја миеме косата навечер, обично одиме во кревет веднаш потоа, а во тој случај косата нема доволно време да се исуши темелно сама по себе, така што со легнување на перницата, таа дополнително се притиска и се губи волуменот, па наутро во сиот хаос од брзање треба да одвоите драгоцено време за да го повратите својот вистински изглед.




Кога ја миете косата наутро или попладне, косата ќе изгледа поинаку бидејќи таа ќе биде слободно пуштена и ќе има доволно време за целосно и темелно сушење, без оглед на тоа што сте користеле фен за коса.

После сушењето со фен, косата сè уште не е целосно сува, иако така ни се чини. Ако сè уште немате време да го изведувате овој ритуал наутро, не ја потпирајте главата на перницата половина час до еден час по вечерното бањање за да не се изгуби природниот волумен.




Честото миење со шампони ги отстранува природните масла кои ја штитат косата, а тоа има спротивен ефект – нашиот скалп почнува да произведува дополнителни маснотии кои ја мрсат косата. Тоа е затворен круг – колку почесто го миете, толку косата станува помрсна. Мијте ја косата со шампон секој трет ден, дури и ако се капете во море или езеро само исплакнете ја со обична вода.




Уште неколку совети кои ќе помогнат вашата коса да изгледа здрава: Носете шешири и марами. На најсилното сонце, секогаш носете шешир или марама на главата. Не само што ќе ја заштити вашата коса од УВ зраците, туку исто така помага и во хидрирање на вашиот скалп. Капите за глава исто така ја намалуваат ште-тата што сонцето ја прави на вашата коса.




Не ја cтиcкај, в лечи и cкyби. Влажната коса е склона на кршење, затоа не ја врзувајте во тесна пунџа. За време на сончевите денови, најдобар избор е лесно врзана плетенка.

Станислава Михова

Избегнувајте го фенот. Природното сушење е благодет за косата. Избегнувајте пеглање и фигаро. Доколку имате потреба од фен, засушете ја косата површно, но никогаш не го доближувајте фенот многу блиску до скалпот и влакното.




Бидете внимателни со четкањето. Влажната коса е покршлива отколку сувата коса, затоа изберете четка со широки запци која нема да предизвика дополнителна штета или исчешлајте ја косата откога ќе се исуши темелно.




Секогаш користете регенератор. Ако сакате да пробате природен регенератор, исплакнете ја косата со јаболков оцет, разреден со вода. Одличен третман за коса е и примена на регенератор кој не се исплакнува.




Избегнувајте го хлорот. Русата коса, особено онаа што е фарбана, може да добие зеленикав сјај од хлорот кој го има во базените. За да го избегнете ова, откако ќе се искапете во базенот, измијте ја косата со јаболков оцет (измешајте 1/4 чаши јаболков оцет и 2 чаши вода).