Потребни состојки:

1 пакување кори за розен торта

За фил:

500 г фета сирење

150 г софт маргарин

100 г крем сирење

200 г кисела павлака

3 супени лажици ајвар

500 г шунка сечкана на коцки

За украсување:

100 г мајонез, или повеќе ако сакате

100 г рендан кашкавал

1 варена рендана жолчка од јајце

Постапка:

Добро изгмечете го фета сирењето, додадете павлака, маргарин, крем сирење и добро изедначете ја смесата. Додадете ја ситно исечеканата шунка и промешајте.

Филот поделете го на два дела, па во едниот додадете ајвар за да добиете бел и црвен фил.

Корите наизменично филувајте ги со белиот и црвениот фил. Последната кора не се филува. Ставетеја тортата неколку часа во фрижидер, најдобро преку ноќ.

Следниот ден искројте ги краевите и премачкајте со мајонез. Украсете со рендан кашкавал и жолчка од варено јајце.

onlinekuharica.com