Гинко билоба веќе со векови се користи како природен лек за болести на неpвниот систем. Покрај тоа, помага и за болести на очите. Истражувањата покажале дека гинко билоба делува како селективен цереброваскуларен дилататор која ја подобрува циркулацијата и го стимулира протокот на к рвта во задниот дел од окото.
Гинко билобата помага кај макуларна дегенерација и глауком, ги јакне очите и го подобрува видот. На пазарот се достапни суплементите од оваа билка, а покрај тоа, може да се направи и чај од гинко.
(Ginko biloba, fam. Ginkgoaceae) Гинко е монотипично дводомно растение и единствен жив примерок од Ginkgoales. Растението има сива кора, достигнува висина од 35 m и дијаметар од 3-4 m (понекогаш и до 7 m). Активен дел кој се користи од растението се неговите листови (Ginko bilobae folium).
Тие имаат многу интересен и специфичен облик и претставуваат главна препознатлива особеност на ова растение. Листовите се триаглесто-тркалезни, имаат долга лисна дршка и на врвот се повеќе или помалку поделени на два дела.
Hepватурата е васкуларно разгранета. Широки се 6-9 сm, а понекогаш достигнуваат ширина 15-20 сm. Имаат зелена или сиво-жолтеникава боја, горната страна на листот обично е потемна од долната страна. Мирисот е слаб и карактеристичен.
Машките цветови имаат облик на реси со многу прашници и кратки изданоци. На врвовите на кратките изданоци се создаваат висечки соцветија. Женските цветови пак, имаат долга дршка на чиј крај се наоѓаат два семени зачетоци. Зрелото семе е коштунка, долго околу 3 сm. Семето е обвиено со семена обвивка со многу непријатен мирис, кој потекнува од нејзиниот надворешен меснат слој, а внатрешниот слој е доста тврд.
Листот од гинко содржи широк спектар на фитохемикалии, вклучувајќи алкани, липиди, стероли, бензеноиди, каротеноиди, фенилпропаноиди, јаглени хидрати, флавоноиди и терпеноиди. Главните конституенси се флавоноидите од кои моно-, ди- и три-гликозиди и естри на кумаринска киселина (флавоноидот камферол и кверцетинот доминираат). Негликозидни бифлавоноиди, катехини и проантоцијанидини се исто така присутни.
Карактеристични конституенси на овој растителен материјал се единствените дитерпенски лактони гинколиди А, B, C, Ј и М и сесквитерпенски лактон билобалид. Употребата на листот од гинко е поддржана со клинички податоци и опишана во фармакопеи и традиционални системи на лекување.
Чајниот напиток подготвен од сушени листови од гинко се препорачува за подобрување на симтомите на слаба до умерена церебро-васкуларна инсуфициенција (синдром на деменција, примарна дегенеративна деменција, васкуларна деменција и комбинарана форма од двете наведени) со следните симптоми: намалена меморија, нарушување на концетрацијата, состојба на емоционална депpеcија, вртоглавица, зуење во ушите и главоболка.
Чајниот попарок (инфуз), исто така се препорачува кај пациентите со оклузивна болест на периферните артерии. Овој фармацевтски облик, подготвен од исушени листови од гинко, наоѓа широка примена и за подобрување на симптомите кај нарушување на функцијата на внатрешното уво, како што е тинитус (зуење во ушите), вертиго со васкуларно и иноволутивно потекло.
РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ ОД ГИНКО: Наберете 5 свежи листови или земете две мали лажички сув лист и прелијте со 200 мл врела вода. После 10 минути процедете го чајот, засладете го со малку мед по потреба и пијте го двапати дневно, наутро и навечер, за најдобри резултати. Овој чај може да помогне при трпнење на раце или нозе, а воедно спречува и создавање на тромби.
Не се препорачува за хемофоличари или лица кои веќе земаат лекови за разредување на к рвта, аспирин, терапија за дијабетес, епилепсија и слично. Не треба да се пијат повеќе од две шолји чај на ден.