Најстариот рецепт за торта со лешници и чоколада: Направен е за Свети Јован, а вкусот е неверојатен…
Совршен славски десерт кој лесно се прави, а воедно е и најстариот рецепт за торти…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За една кора (а потребни се три):
3 јајца
4 лажици шеќер
2 лажици брашно
1 лажица ладна вода
1 лажица масло
4 лажици печени и мелени лешници
1/2 кесичка прашок за печиво
Фил:
6 јајца
5 лажици шеќер
200 г чоколадо за готвење
250 г путер или маргарин
100 г шеќер во прав
100 г мелени лешници
Прелив за корите растопете:
200 мл вода
9 лажици шеќер
ПОСТАПКА:
Белките пенасто изматете ги со шеќерот додека да се добие цврст снег, а потоа додајте ги и жолчките, една по една. Редоследно додајте ладна вода и масло, брашно и прашок за печиво и на крај лешниците. Измешајте рачно.
Смесата сипете ја во обложен калап за торти 24 см и испечете во загреана рерна на 180 степени. Повторете уште 2 пати за да добиете 3 кори.
Направете го филот така што ќе ги изматите јајцата со шеќерот додека да згуснат, па ќе ги ставите на пареа да се зготват 15-тина минути со непрекинато мешање, а потоа ќе го додадете чоколадото додека да се стопи и соедини.
Кремот тргнете го од оган и оставете да се олади. Изматете ги путерот и шеќерот и постепено додавајте го оладениот крем додека сето да се изедначи, а на крај вмешајте ги лешниците.
Секоја кора прелијте ја со сируп за да омекне, а потоа филувајте. Декорирајте со филот што ќе ви остане или со шлаг. Добро оладете пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: